Свети Архангел Михаил — главна селска црква во поречкото село Могилец, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта.
Црквата е сместена на крајот од селото, каде се наоѓаат и самите селски гробишта.
Историја
Црквата била подигната во 1919 година.
Била осветена во 2012 година од страна на митрополитетот Тимотеј Дебарско и кичевски, заедно со протоерејот Игор Никовски, свештениците Боге Богески, Марко Трпкоски и Саше Костадиноски и ѓаконот Васко Голабоски. Црквата добила фрескоживопис во 2012 година од страна на Гоце Милески од Македонски Брод. Довршувањето на храмот и на фрескоживописот било помогнато од страна на црковниот одбор на селото.
Галерија
Поврзано Могилец Дебарско-кичевска епархија Бродско архијерејско намесништво Манастиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Могилец Могилец