Оваа статија се однесува на фудбалскиот клуб Ујпешт. Слична статија: Спортско Друштво Ујпешт ().

Фудбалскиot Клуб Ујпешт е унгарски професионален фудбалски клуб, со седиште во Ујпешт, Будимпешта, кој се натпреварува во НБ I liga. Ујпешт е формиран во 1885 година, а во првата унгарска лига игра од 1905 година и има испаднато од таа лига само еднаш од тогаш. Клубот е член на првата дивизија 102 последователни години. Ујпешт бил унгарски шампион дваесет пати, девет пати го има освоено унгарскиот куп и трипати унгарскиот суперкуп. На меѓународнита сцена Ујпешт се двократни победници на Митропа купот и победници на купот на нациите во 1930 година. Тие, исто така, стигнале до полуфиналето на европскиот куп 1973-74 и купот на победниците на куповите 1961-62, а биле второпласирани во купот на саемските градови 1968-1969 година. Од 1922 година, нивниот дом е стадионот Ференц Суса во Ујпешт. Нивното најголемо соперништво е со фудбалскиот клуб од Будимпешта, Ференцварош, и тоа се смета за локално дерби.

Фудбалскиот клуб Ујпешт е дел од спортското друштво на Ујпешт. Во ова спортско друштво се вклучени и други спортски секции како што се хокеј на мраз, ватерполо, атлетика, борење, бокс, џудо, карате, пливање, кајак, гимнастика, а уште е вклучено и таканареченото кружоочко друштво ().

Во март 2008 година клубот стартуваше со своја ТВ станица која ги пренесува сите спортски случувања поврзани со клубовите од спортското друштво Ујпешт.

Историја на клубот

Почетоци

Клубот е формиран на 16 јуни 1885 од страна на наставникот Јанош Гол во Ујпешт, посебен град во тоа време, кој се простирал веднаш до границите на Будимпешта под името Ујпешти Торна Егиле (), (). Формиран е првин како општ спортски клуб, во кој се одвивале натпревари во гимнастика и мечување, а неговото мото било "упорност, сила, хармонија" (). Во 1899 година бил формиран фудбалскиот клуб во градот Ујпешт под името Фудбалски Клуб Ујпешт и клубот ги имал истите бои на дресовите како и денеска, виолетовата и белата боја. Првиот официјален натпревар на ФК Ујпешт бил на 29 април 1900 година против III. Керулети ТВЕ. Натпреварот завршил нерешено со резултат 1:1. Во 1901 година, двата клуба (УТЕ и Ујпешт ФК) се споиле и го формирале фудбалскиот клуб Ујпешт. Клубот се приклучил веднаш во втората лига на новоформираната унгарска лига. Ујпешт е еден од двата тима во Унгарија, кои никогаш не пропуштиле ни сезона од формирањето на унгарската лига.

Ујпешт биле промовирани во првата дивизија во 1904 година и тие успешно опстојувале во тој ранг, сè до сезоната 1911-12 кога само по една сезона помината во втората лига завршиле како шампиони и успешно се вратиле во најдобрата конкуренција по едногодишното испаѓање.

Прва златна ера

Клубот го изградил новиот Меѓери ут () стадион во 1922 година, што означувало отворање на нова ера на проширување на збирката на медали на клубот. Легендарната "Фогл-порта" (), била масивна одбранбена формација на браќата Карољ Фогл и Јожеф Фогл кои успешно ја спроведувале играјќи за репрезентацијата како и за ФК Ујпешт. Оваа формација била клучна точка за успесите на клубот. Од 1926 година, по воведувањето на професионален фудбал во Унгарија, фудбалскиот тим играл под името Ујпешт ФК. Доцните 20-ти и 30-ти години го донеле првото златно доба на клубот, обележано со завршувањето на врвот на унгарската прва дивизија 5 пати по ред и успехот на меѓународната сцена освојувајќи го Митропа купот во 1929 и 1939 година, а исто така и титулата куп на нациите во 1930 година. Тимот завршил на една од првите три позиции во секоја сезона помеѓу 1926 и 1942 година, и играл во пет финалиња на купот на Унгарија во текот на 20-тите и 30-тите години.

Ујпешт имал дадено 5 играчи на Светското првенство во 1938 година кои го освоиле второто место и сребрениот медал за Унгарија. Овие фудбалери биле Ѓерѓ Сич, Антал Салај, Иштван Балог I, Јене Винце и тогаш ѕвездата на унгарскиот фудбал, Ѓула Женгелер.

По Втората светска војна

Првите години по Втората светска војна ја означуваат и втората златна ера на Ујпешт. Во овој период ФК Ујпешт бил трипати по ред шампион на Унгарија, а дури деветмина фудбалери на ФК Ујпешт станале дел од унгарската репрезентација. Играчите како Ференц Суса, Бела Егреши, Шандор Балог II, Иштван Њерш и Михаљ Наѓмароши поставуваат рекорди како што се победа на 30 последователни натпревари или постигнување 187 гола во една сезона. Во текот на педесеттите години тогашниот режим го избрал Ујпешт како официјален клуб кој треба да ја претставува полицијата а името на клубот е променето во Будимпештанска Дожа () а потоа и во Ѓерѓ Дожа (), прилично вообичаена практика во земјите од Источниот блок, само што во повеќето од нив "полициските клубови" се именувани како "Динамо". Откако бил убиен одбранбениот фудбалер на Ујпешт, Шандор Сич од тогашната комунистичка влада 1951. година, наишле послаби сезони за клубот. Како резултат на тоа само двајца фудбалери на Ујпешт заиграле за репрезентацијата на светското првенство во 1954 година. Во 1956 година, во текот на револуцијата клубот се преименувал во ФК Ујпешт враќајќи го своето старо име меѓутоа оваа одлука била повлечена од унгарската влада и повторно им било наметнато името Ујпешт Дожа за разлика од Ференцварош и МТК на кои им било дозволено да настапуваат со своето старо име. По 13 години без освоена титула Ујпешт повторно станал шампион во сезоната 1959/60 и стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите каде што загубил од Фиорентина со 2:0 и 1:0. Во истата година се појавила и новата ѕвезда на Ујпешт, Јанош Гереч.

Понов период

Ујпешт ја освоил унгарската лига во сезоната 1959-60. Како шампиони на тогашната прва лига избориле право на настап на Европскиот куп наредната сезона. На 28 септември 1960 година, Ујпешт ја победил Црвена Звезда Белград со 2:1 на стадионот на Југословенската Народна Армија (ЈНА) во Белград а на 12 октомври 1960 на реванш натпреварот одигран на стадионот Меѓери Ут, успеале да слават со 3:0. Во првата рунда од натпреварите, на 6 ноември 1960 година, Ујпешт бил поразен од Бенфика на стадионот Луж во Лисабон со 6:2. На 30 ноември 1960, Ујпешт ја совладал Бенфика со 2-1 на Народниот Стадион () во Будимпешта но тоа не било доволно за проаѓање во наредната рунда.

Во истата сезона, Ујпешт обезбедил место во купот на саемските градови. Во првиот круг, на 16 октомври 1960 година, Ујпешт загубил 3:2 на Св. Андреј стадионот во Бирмингем од тимот на Бирмингем Сити, додека во вториот натпревар, кој се одиграл на 26 октомври 1960 година, Ујпешт загубил 2:1 на стадионот Меѓери ут (). Следната сезона Ујпешт играл во купот на победниците на куповите каде што во првата рунда се сретнал со малтешкиот претставник Флориана на стадионот на независноста. Во првиот натпревар резултатот бил 5-2 за унгарскиот тим додека во реваншот на стадионот Меѓери ут () во Унгарија било 10-2 за Ујпешт. Во втората рунда од натпреварите Ујпешт се сретнал со Ајакс од Амстердам. Првиот натпревар се одиграл на Олимпискиот стадион во Амстердам каде што Ујпешт бил поразен со 2-1 меѓутоа на реванш натпреварот кој се одиграл на стадионот Меѓери ут (), тимот на Ујпешт успеал да победи со 3-1 и да обезбеди пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Ујпешт успеал да го помине тимот на Данфермлајн Атлетик од Шкотска со вкупен резултат 5-3 и тоа првин победувајќи на домашен терен со 4-3 а потоа и на гостински терен на стадионот Ист Енд Парк со 1-0. Така тимот на Ујпешт се изборил за влез во полуфиналето каде што се сретнал со тимот на Фиорентина. Во нивното прво европско полуфинале Ујпешт ги загубил и двата натпревари каде што на првиот натпревар на стадионот Артемио Франки во Фиренца загубил со резултат 2-0 додека на реваншот биле поразени со резултат 1-0.

Во сезоната 1968-69 тимот на Ујпешт се натпреварувал во купот на саемските градови. Тимот на Ујпешт бил убедлив во првите две рунди од натпреварувањето убедливо победувајќи ги тимовите на УС Луксембург во првата и тимот на Арис од Солун во втората рунда. Во третата рунда од натпреварите Ујпешт успеал да го помине тимот на Легиа Варшава каде што на првиот натпревар кој се одиграл на стадионот на полската армија било 1-0 додека на реваншот во Унгарија овие тимови одиграле нерешено 2-2. Во четвртфиналето Ујпешт успеал двапати да го совлада тимот на Лидс Јунајтед првин победувајќи го со 1-0 на стадионот Еланд Роуд во Лидс а потоа и со 2-0 на домашен терен. Нареднит противник на Ујпешт во полуфиналето бил тимот на Гезтепе од Измир, Турција. Тимот на Гезтепе бил убедливо совладан со што тимот на Ујпешт испишал историја за првпат влегувајќи во финалето на едно европско натпреварување. Во финалето тимот на Ујпешт се сретнал со тимот на Њукасл Јунајтед.

Ујпешт го освоил Купот на Унгарија во 1969 година победувајќи го тимот на Хонвед од Будимпешта во финалето со 3-2. Освојувањето на купот им овозможило учество во купот на саемските градови наредната година. Во првиот натпревар Ујпешт загубил 2-1 во Белград од тимот на Партизан додека на домашен терен во Унгарија, тимот на Ујпешт успеал да слави со 2-0. Наредната пречка во втората руда од ова натпреварување бил тимот на Бриж од Белгија. Тимот на Бриж извојувал висока победа на домашен терен од 5-2 меѓутоа Ујпешт славел на Меѓери ут () со 3-0 и успеал да помине понатаму благодарејќи на правилото за повеќе постигнати голови на гостински терен. Ујпешт се збогувал со учеството на ова натпреварување во третата рунда кога на двапати загубил од германскиот тим Карл Зајс Јена првин со 1-0 на гостински терен а потоа и со 3-0 на домашен терен.

Успеси во 70-тите

Седумдесеттите години на минатиот век се означени како втора златна ера за тимот на Ујпешт. Назначувањето на Лајош Бароти како прв тренер на Ујпешт во 1967 година се покажало како исклучително добар потег на управата на овој клуб. По двата сребрени медали Ујпешт ја освоил унгарската лига во 1969 година а играл и во финалето на купот на саемските градови истата година кога загубил од Њукасл Јунајтед со вкупен резултат 6-2. Тимот започнал со неверојатни 7 победи во низа во лигата, ги освоил сите сезони од 1969 до 1975 година поставувајќи неверојатни рекорди во повоениот период како што се постигнување на точно 500 гола во седум сезони или пораз на само 4 домашни натпревари во 10 сезони. Клубот имал успеси и во домашните натпреварувања каде што успеал да го освои унгарскиот куп за првпат во 1969 година а потоа и да го повтори овој успех уште двапати во 1970 и 1975 година. На меѓународната сцена покрај финалето во купот на саемските градови, тимот на Ујпешт Дожа учествувал во четвртфиналето на Европскиот куп трипати по ред како и еднаш во полуфиналето во 1974 кога загубиле само од подоцнежните победници тимот на Баерн Минхен. Клубот се сметал за еден од најдобрите тимови во Европа кои победувале тимови како што се англискиот шампион Лидс во 1969 година, шпанскиот шампион Валенсија во 1971 година, шкотскиот шампион Селтик од Глазгов во 1972 или португалскиот врвен тим Бенфика во 1973 година.

{| class="infobox" style="width:180px;" |- <tr><td><div style="position: relative;"> 250px

</span> </div><center>Познатата напаѓачка формација на Ујпешт Дожа од седумдесеттите </small> Тимот на Ујпешт бил познат по напаѓачка игра и секогаш играл на постигнување на гол повеќе од противникот. Познатата напаѓачка формација на Ујпешт во тоа време била Фазекаш, Гереч, Бене, Дунаи II и Замбо која била усовршена од тренерот Лајош Бароти. Бене станал пет пати по ред најдобар стрелец на унгарското првенство додека Фазекаш и Дунаи II освоиле сребрени копачки. По заминувањето на Бене и Дунаи II од тимот, на нивните места дошле Андраш Теречек и Ласло Фекете. Со нив тимот на Ујпешт успеал да го освои првенството на Унгарија уште во два наврати и тоа 1978 и 1979 година. Теречек бил одличен организатор на игра и дриблер и станал популарн помеѓу навивачите на Ујпешт како магионичар кој непредвидливо ги проигрува своите соиграчи додека Фекете освоил сребрена копачка како втор најдобар стрелец во Европа.