мини|десно|300п|Приветрениот Премин означен меѓу Куба и Хиспаниола Приветрен Премин — проток во Карипското Море, помеѓу островите Куба и Хиспаниола, од најисточниот дел на Куба и северозападот на Хаити. Широк е 80 км и има пражна длабочина од 1.700 м.

Со островот Наваса на јужниот приод, протокот го поврзува Атлантскиот Океан со Карипското Море, во непосредна сообраќајна линија меѓу Панамскиот Канал и источното приморје на САД.

Светлата од другата страна на Приветрениот Премин се видливи од источниот ’рт на покраината Гвантанамо во Куба и западниот ’рт на Североисточен департман на Хаити.Lapidus, Benjamin L. "Stirring the Ajiaco: Changüí, Son, and the Haitian Connection." In Cuban Counterpoints: The Legacy of Fernando Ortiz, edited by Mauricio A. Font and Alfonso W. Quiroz, 237-45. Lanham: Lexington Books, 2005.

Геологија Низ преминот минува раседното подрачје Септентрионал-Ориенте, од јужниот брег на Куба, па до северниот брег на Хиспаниола. Во текот на холоценот, островите се оддалечувале со стапка од 9 ± 3 мм годишно. Септентрионалскиот Расед се протега на исток барем до сè уште активниот Монски Расед под Монскиот Премин, каде се одвива растегање помеѓу Хиспаниола и Порторико.

Поврзано Заветрен Премин

Наводи

Категорија:Протоци во Карипското Море Категорија:Географија на Куба Категорија:Географија на Хаити Категорија:Хиспаниола Категорија:Меѓународни протоци