мини|десно|300п|Сателитска снимка на поголемиот залив Хаураки и Темскиот Ферт (подолу).

Темски Ферт (, ) — голем залив во северниот дел на Северниот Остров на Нов Зеланд. Претставува речно устие (ферт) на реките Ваихоу (порано Темза) и Пиако. На југоисточниот брег на заливот е сместен градот Темс.

Заливот се наоѓа на јужниот крај на поголемиот залив Хаураки, југоисточно од градот Окленд. Лежи на раседна долина или грабен, меѓу полуостровот Коромандел и венецот Хунуа, кој на југ продолжува во заливот Хаураки.

Conservation Темскиот Ферт е важно заштитно подрачје за дождосвирци и други крајбрежни птици и се води како водна површина од меѓународно значење според Рамсарската конвенција. На западниот брег на заливот, кај местото Миранда има центар за заштита на крајбрежни птици.

Меѓутоа, заливот е значително оштетен од човековите активнности, особено со одводите од млекарски фарми и масовното школкарство со влечни мрежи, дури и четириесет години децении по престанокот на ваквиот лов.

Во заливот можат да се забележат китови како јужниот мазен кит и Бридеовиот кит, кои во него се одмораат и раѓаат млади.

Поврзано Коромандел (полуостров)

Наводи

Категорија:Заливи во Нов Зеланд Категорија:Темс-Коромандел Категорија:Ваикато Категорија:Рамсарски места во Нов Зеланд Категорија:Рифтови и грабени