Камен Ледник — карпест ледник на планината Јакупица. Неговата површина изнесува 0,25 км2, со што претставува еден од најголемите на Балканскиот Полуостров. Како последица на замрзнувањето и топењето на мразот во раздробени мермерно-доломитски карпи настанува движење на парчиња и блокови кон отсекот висок над 500 м и постепено се спушта преку седум точила кои образуваат четири сипари во отсекот над изворното подрачје на реката Бабуна.

Поврзано Јакупица Бабуна (река)

Наводи

Категорија:Ледници во Македонија Категорија:Јакупица Категорија:Мокра