Беверн () — општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија
Беверн се наоѓа на реката Везер близу нејзиниот влив со притоката Бевербах. Во општината влегуваат селата Беверн, Форст, Делме, Лобах, Литгенаде и Рајлајфцен.
Историја
Саксонската населба „Бујеран“ (Byueran) била првпат спомената во списокот на Опатијата Корвај во 822 година. Изградбата на црквата била спомената во 1501 година; била осветена од келнскиот надбискуп Херман IV во 1506 година.
Знаменитост
Општината е позната по својот замок (Schloss Bevern), ренесансен дворец изграден како велепоседничка куќа во периодот 1603 до 1612 година. Бил купен од велфските војводи на Брауншвајг-Линебург во текот на Триесетгодишната војна во 1633 година и градбата служела како резиденција на помладата линија, позната како Брауншвајг-Беверн, од 1668 година до крајот на век.
Наводи
Надворешни врски
Замок Беверн
Категорија:Холцминден (округ)