Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија () — договор помеѓу Република Бугарија и Република Македонија потпишан на 1 август 2017 година помеѓу премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев во Скопје.
Потпишување и ратификација Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов. Тој беше ратификуван од Собранието на Република Македонија на 15 јануари 2018 година и од Народното собрание на Бугарија на 18 јануари 2018 година. Влезе во сила на 14 февруари 2018 година по размената на ратификациските инструменти од министрите за надворешни работи. Потпишувањето беше поздравено од ЕУ и САД како чекор кон регионална стабилност.
Имплементација По ратификацијата, во 2018 година беше формирана заедничка комисија за историски и образовни прашања, но напредокот беше минимален во првата година. На 17 јули 2022 година, министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска потпишаа втор протокол за имплементација на член 12, што стана услов за Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за ЕУ.
Наводи
Надворешни врски Договорот на страната на ОН Целосен текст на протоколот со Бугарија што го потпишаа Османи и Генчовска
Категорија:Надворешни односи на Бугарија Категорија:Надворешни односи на Македонија Категорија:Македонско-бугарски односи