Бобарски Гробишта — археолошко наоѓалиште во прилепското село Алинци. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано, но претставува некропола.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофска проучавања, Београд 1998

Местоположба

Се наоѓа на границата со атарот на соседното село Веселчани.

Опис

Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на потесот што се граничи со атарот на соседното село Веселчани биле видливи гробови означени со побелени камења. Според месното население, тие гробови не припаѓале на сегашните селани.

Поврзано Бостаништа — некропола од римско време; Црквиште — осамени наоди од римско време; Куќиште — населба од доцноантичко време; Алинци; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Алинци (Прилепско)