Јанија — македонско традиционално чорбесто јадење од разен зеленчук (компири, пиперки, домати, кромид и др. во зависност од сезоната) со или без месо (телешко, свинско, пилешко).
Рецепт мини|лево|200п|Јанија со телешко месо Ова јадење практично нема ограничување во однос на варијантите, секој ја прави на свој начин. 800 г телешка удина се сече на парчиња и се пржи додека не испари течноста од месото, потоа се додава една главица сечкан кромид и се запржува 5 минути. Се додаваат два сечкани домати и две пиперки и се динста на тивко додека не испари течноста од зеленчукот. Се зачинува со црвен пипер и се додаваат 500-600 мл вода, се остава да вари околу 40 минути, па се додаваат 4 сечкани компири и се вари уште 30 минути. На крајот се додава запршка од масло и брашно и се вари уште минута-две. Јанија со телешко месо.
Наводи
Категорија:Храна Категорија:Македонска кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Романска кујна Категорија:Арапска кујна Категорија:Турцизми