мини|десно|300п|Поглед на Струмичкото Поле, дел од поголемата Струмичко-радовишка Котлина. Котлина — вдлабнатина во Земјината кора во облик на рамнина опкружена со планини, често со отворени делови низ кои минува река.
Поделба на котлините По настанокот, котлините можат да бидат тектонски (спуштање на Земјината кора), леднички (спустови меѓу моренски ридови), вулкански (калдери, кратери), ероизвни, карстни, вечнозамрзнати (термокарстни), ветрообразувани, налегнати (суфозиони) и од мешано потекло.
Котлините во дното на океанот се нарекуваат океански котлини и можат да бидат рабни или длабокоморски.
Тектонските котлини настануваат со спуштање на земјиштето во релјефот на Земјината површина. Спуштањето може да биде предизвикано од радијални тектонски движења, при што котлините тогаш претставуваат ровови, или со тангенцијални движења, при кои настанатите котлини се синклинали. Сите тие често имаат зарамнето дно, како производ на таложење на материјал.
Ерозивните котлини настануваат со речна ерозија, на местата каде речните долини прават странично разјадување на теренот. Ова поточно се тековноразјадувачки (флувијално-денудациони) проширувања на долината. Најпознат пример за ваква котлина е Мариовската.
Котлини во Македонија мини|десно|250п|Поглед на Полошката Котлина од планината Сува Гора. Македонија има 24 котлински целини со поголем број полиња, предели и краеви кои често се сметаат за одделни котлини (на пр. Охридската или Делчевската). Со оглед на староста и начинот на образување, во земјата постојат типични котлини (простори ограничени со водоразделни линии, кои ги сечат речните текови на најпогодни места на клисурите и сатеските); речни ерозивни проширувања, тектонски ровови и полиња. Обично се наоѓаат крај речните долини. За најголема котлина во Македонија се смета Пелагонија (), иако обично се смета за сложенка од повеќе делови.Пелагонија (Пелагониска Котлина), Студија за геодиверзитетот, стр. 127
Ова се котлинските целини во Македонија, дадени со површините што ги зафаќаат:
Бр.КотлинаПовршина (км2)1Гевгелиско-валандовска Котлина1000,12Тиквешка Котлина2518,43Дојрански Ров75,44Велешка Котлина1166,15Скопска Котлина1924,26Струмичко-радовишка Котлина1482,87Овчеполска Котлина2162,08Кумановска Котлина1315,99Кочанска Котлина1020,110Кривопаланечка Котлина768,011Полошка Котлина1475,212Поречка Котлина944,613Мариовска Котлина897,314Беровско-делчевска Котлина1102,615Дебарско-реканска Котлина973,316Охридско-струшка Котлина1318,317Кичевска Котлина874,218Битолско Поле (Пелагонија)1492,719Прилепско Поле (Пелагонија)943,820Демирхисарска Котлина645,321Преспанска Котлина558,822Кривопаланечка Котлина91,923Гниланска Котлина36,624извор на Дворска Река129,7
Поврзано Слив Кањон Клисура Океанска котлина
Наводи
Категорија:Земјишни облици Категорија:Хидрологија