Винковци (хрватски: Vinkovci) — град во Хрватска. Градот е дел од историско-географската област Славонија, а административно е дел од Вуковарско-сремската жупанија. Според пописот од 2011 година, градот имал население од 35,312, и со тоа Винковци е најголем град во жупанијата. Во околината на градот има поголем број села, па така Винковци е еден вид транспортен и трговски центар на регионот. Винковци е познат по тоа што е локација на главниот настан на романот Убиство во Ориент-експрес од Агата Кристи.
Географија Виковци се наоѓа во источниот дел на Славонија, на 19 км југозападно од Вуковар, 24 км од Жупања и 43 км јужно од Осиек. Градот се наоѓа во рамница на реката Босут на надморска висина од околу 90 м.
Демографија Според пописот од 2011 година, градот имал 35.312 жители, а етничкиот состав бил: Хрвати, 92.35% Срби, 4.87% Унгарци, 0.46% друго, 2.32%
Збратимени градови
Винковци е збратимен со следниве градови:
Кампоногара, Италија Кенцинген, Германија Охрид, Македонија Копривница, Хрватска Кобања (Будимпешта), Унгарија Широки Бриег, Босна и Херцеговина
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место (хрватски)
Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Вуковарско-сремска Жупанија Категорија:Срем