Белишќе (хрватски: Belišće) — град во Хрватска. Белишќе се наоѓа во историско-географската област Славонија, а административно е дел од Осиечко-барањската жупанија. Според пописот од 2011 година, градот имал население од 6.518 жители, а самата општина 10.825 жители. Градот се наоѓа на надморска височина од 93 метри. Во близина на градот се наоѓа реката Драва.

Население Според пописот од 2011 година, населението поделено според населени места во општината е: Белишќе, жители: 6,518 Бистринци, жители: 1,598 Боцањевци, жители: 457 Гат, жители: 705 Горица Валеповачка, жители: 165 Китишанци, жители: 150 Тиборјанци, жители: 291 Велишковци, жители: 685 Виноградци, жители: 256

Наводи

Надворешни врски Службени мрежно место (хрватски)

Категорија:Осиечко-барањска Жупанија Категорија:Градови во Хрватска