За други значења видете ја страницата за појаснување.
Пожега (хрватски: Požega) — град во Хрватска. Пожега се наоѓа во историско-географската област Славонија, а административно е дел од Пожешко-славонската жупанија, каде е и административен центар. Според пописот од 2011 година Општина Пожега имала население од 26,248 жители.
Име Од 1921 до 1991 година градот бил познат како Славонска Пожега, за да се разликува од градот Пожега во Србија.
Историја thumb|left|Тврдината и градот Пожега (13 век) thumb|left|Пожешки санџак, 1606 г. Првото споменување на градот Пожега е во Gesta Hungarorum, од страна на анонимен запишувач на Бела III (1172–1196), при што споменува освојување на три тврдини во Славонија, односно во просторот меѓу Дунав и Сутла: Загреб, Влко (Вуковар) и Пожега. Тврдината во Пожега веројатно била изградена во 11 век, и се наоѓала на ридот, каде денес е центарот на градот. Тврдината денес не постои, а останати се само мали делови од ѕидините. Како град Пожега е споменат во документ на Андрија II Арпадовиќ од 11 јануари 1227 година.
Во Римскиот период градот се нарекувал Vallis aurea (Златна долина). Во 13 век бил центар на жупанијата, а меѓу 1536-1688 година градот бил дел од Отоманското Царство и центар на санџак.
Смртта на Хасан Предојевиќ бегот на санџакот во Битката кај Сисак во 1593 година, го означила првиот османлиски пораз во Европа. Пожега била ослободена од турското владеење на 12 март 1688 година. Денес овој датум се слави како ден на градот.
Во 1699 година била основана гимназија, која од 1754 до 1773 година прераснала во академија, односно виша гимназија"Школски лист", Нови Сад 1859 године. За време на турското владеење, повеќето стари цркви биле претворени во џамии.
Пожега станала „Кралски град“ во 1767 година, со документ потпишан од страна на Марија Терезија, кога имала 2.250 жители."Српски летопис", Будим 1844 године Во 1847 година, Пожега била првиот град која го користела хрватскиот јазик како официјален.
За време на Втората светска војна, во текот на август 1942 година биле уапсени повеќе од 1000 лица, жени и деца од Славонска Пожега, кои биле испратени во логорите во Јасеновац и Стара Градишка."Nazi hunters identify convicted war criminal", Nicholas Wood, International Herald Tribune, September 28, 2006 Меѓу жртвите од Втората светска војна имало и најмалку 301 хрватски Германци.Vladimir Geiger. Žrtvoslov Nijemaca Požege i Požeške kotline
Географија Пожега се наоѓа на надморска височина од околу 152 метри. Градот лежи во Пожешката котлина, која пак е дел од Славонија. Пожега е административен центар на жупанијата. Долината ја оформуваат славонските планини: Пожешка Гора, Псуњ, Папук, Крндија и Диљ.
Население Според пописот од 2011 година, општина Пожега имала население од 26,248, вклучително:
Алагинци, жители: 198 Банковци, жители: 109 Црковни Врховци, жители: 30 Ќосине Лазе, жители: 27 Дервишага, жители: 890 Долни Емовци, жители: 181 Дршковци, жители: 411 Емовачки Луг, жители: 32 Голобрдци, жители: 332 Горни Емовци, жители: 138 Градски Врховци, жители: 46 Комушина, жители: 82 Кривај, жители: 79 Куновци, жители: 88 Лазе Прњавор, жители: 10 Мариндвор, жители: 116 Михаљевци, жители: 752 Нова Липа, жители: 88 Нови Михаљевци, жители: 291 Нови Штитњак, жители: 136 Ново Село, жители: 432 Пожега, жители: 19,506 Сеоци, жители: 108 Стара Липа, жители: 213 Шеовци, жители: 121 Шкрабутник, жители: 22 Штитњак, жители: 54 Турниќ, жители: 88 Угарци, жители: 57 Васине Лазе, жители: 29 Видовци, жители: 1,582
Поделено по етничка структура: 93.24% Хрвати, 4.66% Срби, 0.56% неизјаснети, 0.38% Албанци, 0.15% Чеси и други.
Збратимени градови Пожега е збратимен со: Јокнеам Илит, Израел Горни Милановац, Србија.
Литература
Наводи
Надворешни врски
Požega official site (хрватски) Alen Budaj: Vallis Judaea - Povijest požeške židovske zajednice
Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Пожешко-славонска Жупанија Категорија:Населени места основани во 13 век