Патот на оружјето (англиски: The Way of the Gun) - американски филм од 2000 година, во режија на кристофер Мек Квори, кој е автор и на сценариото. Во главните улоги настапуваат: Рајан Филипе, Бенисио Дел Торо, Џулиет Луис и Џејмс Кан.

Содржина Криминалците Паркер (го игра Филипе) и Лонгбау (го игра Дел Торо) дознаваат дека на една девојка (ја игра Луис) ќе ѝ бидат исплатени многу пари за да биде сурогат-мајка. Затоа, тие се договараат да ја грабнат девојката и за неа да бараат откуп. Меѓутоа, идните родители на бебето, исто така, се криминалци и започнуваат потрага по нив, следејќи ги дури до Мексико...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2000 година Категорија:Филмови со Рајан Филипе Категорија:Филмови со Бенисио Дел Торо Категорија:Филмови со Џулиет Луис Категорија:Филмови со Џејмс Кан Категорија:Криминалистички филмови