Леда () или Јупитер XIII — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е од американскиот астроном Чарлс Ковал во Паломарската опсерваторија на 14 септември 1974 г. по тривечерно сликање на подрачјето. Наречена е следната година по Леда — љубовница на Зевс (Јупитер), кој ѝ пристапил преправен во лебед.

Месечината ѝ припаѓа на Хималиината група од пет месечини кои кружат на 11-13 Гм од Јупитер при наклон од 27,5°. Орбиталните елементи постојано се менуваат поради растројувањата на Сонцето и планетите; тука наведените податоци важат за јануари 2000 г.

Поврзано Јупитерови месечини Хималиина група

Наводи

Надворешни врски Преглед на Леда — „Истражување на Сончевиот Систем“ на НАСА Неправилни месечини — страница на Дејвид Џуит Познатите Јупитерови месечини — страница на Скот Шеппард

Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1974 година Категорија:Хималиина група