Црква „Свето Преображение“ () - православна црква во градот Болград. Припаѓа во состав на Одеската и Исмаилска епархија, Украинската православна црква од Московската патријаршија. Зградата на храмот била изработена од архитектот Аврам Мелников (1784–1854). Стенописите од интериерот биле направени во 1912–1914 година, од уметникот Павел Пискарев.
Историја Темелите на црквата се удрени во 1820 година, а завршена е во 1838 година. Црквата е осветена на 29 октомври 1838 година, датум кој станал празник на храмот. Во текот на 1938 година, Царство Бугарија ја прославува стогодишнината од изградбата на храмот, и било решено тој датум 29 октомври (16-ти по стар стил) да биде „Ден на бесарабските Бугари“.
Пожар Ноќта меѓу 25 и 26 јануари 2012 година, избувнал пожар, при што се урнала куполата на храмот,За пожарот на бугарски јазик а тоа се случило пред очите на стотици жители на градот. Спасувачката служба успеала да ги изнесе иконите, а поќарот бил изгаснат по 10 часа.
Во јуни 2015 година била возобновена, а се извршила и реставрација.За Болград на бугарски јазик
Галерија
Наводи
Категорија:Православни цркви во Украина Категорија:Болград