алт=Паситеја (месечина)|мини|Паситеја (месечина) Паситеја () или — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е од страна на екипа астрономи од Универзитетот на Хаваи предводени од Скот Шепард во 2001 година и првично бил означен под името S/2001 J6.
Паситеја има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23,307 Gm во 727,933 дена, со наклон од 166° до еклиптиката (164° до Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со орбитално занесување 0,3289.
Месечината е именувана во август 2003 година според Паситеја, една од харитите (грациите), ќерка на Зевс (Јупитер).
Таа припаѓа во т.н. Кармина група, составена од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 23 до 24 Gm и наклон од околу 165 °.
Наводи
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2001 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Кармина група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Дејвид Џуит Категорија:Месечини со повратна орбита