мини|Јужен остров Парамушир, Курилски синџир, Русија Карпински вулкан (руски: Вулкан Карпинского) — активен стратовулкан, кој претставува група сплотени вулкански конуси во северните Курилски Острови, во областа Сахалин во Русија. Тој е најјужниот дел од серијата вулкани на островот Парамушир и е дел од Карпинскиот гребен SVERT (Сахалинская группа реагирования на вулканические извержения)/Активные вулканы Курильских островов – Краткое описание . Околу 80 километри од него е изграден градот Северо-Курилск Вулканы мира . Вулканот е именуван по Александар Карпински, руски геолог, претседател на Руската академија на науките.

Опис

Висината на вулканот е 1345 метри, а основата е 15 километри. Се состои од два, речиси сплотени вулкански конуси со еден кратер. Вулканот има голема купа со пречник од 5 километри и длабочина од околу 700 метри Geoman/Карпинского вулкан. На внатрешната страна на источната падина, на надморска висина од 1100 - 1200 метри се наоѓа мар, плиток експлозивен кратер со стрмни ѕидови, опкружен од тефра. KVERT (Камчатская группа реагирование на вулканические извержения)/Активные вулканы Камчатки и Северных Курил/Вулкан Карпинского. Се одликува со бројни, интензивно активни солфатари Энциклопедия Знание/Карпинского вулкан.

На надворешната страна од источниот падина на купата, на височина 1200 метри се наоѓаат два големи конуси, формирани во доцниот плеистоцен или почетокот на холоценот. На првиот има активен кратер со фумароли и внатрешен конус во форма на потковица. Тој исто така пројавува солфатарна активност, во процесот на кој се формираат фонтани од течен сулфур со висина до 2 метри. И температура до 80 °C. Тие формираат сулфурни конуси до висина до 5 метри. Нејзините падини се пресечени од античките ледници и циркони. На падините на вториот конус течат потоци од андезитска и базалтска лава.

Вулканот е составен од андезитски и базалтски материјал. Според истражувачите, формирањето на вулканот било завршено во доцниот плеистоцен и почетокот на холоценот.

Вулканот денес

Единствената позната ерупција на вулканот се случила на 5 ноември 1952 година. Ерупцијата се случила во форма на слаби, поединечни експлозии. Активности на вулканот биле забележани и во 1846, 1953, 1973 и 2004 година. Денес се забележува фумалорна и топлинска активност во кратерите и падините.

Во случај на силна ерупција, потенцијална опасност претставува главно лавините потоци и евентуалната вулканска пепел. Во овој случај, градот Северо-Курилск би бил во ризична состојба во дијамета од 80 километри.

Наводи

Категорија:Активни вулкани Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани во Русија Категорија:Курилски Острови Категорија:Вулкански купи