Соња Стаменкова (р. во село Саса) — македонска политичарка од редовите на СДСМ, која е поранешна градоначалничка на Општина Македонска Каменица. На функцијата стапила по локалните избори во 2017 година, кога победила во вториот круг со освоени 54,24% од вкупните гласови.
Била само една од шесте жени кои освоиле градоначалничко место на локалните избори во Македонија во 2017 година.
Животопис
Соња е родена на 11 февруари 1968 година во селото Саса како прво од четирите деца во рударско семејство.
Основното училиште до четврто одделение го посетувало во месното подрачно училиште „Гоце Делчев“, а подоцна продолжила во централното ОУ „Кирил и Методиј“ во градот Македонска Каменица. Средното образование го продолжила на насока биологија и хемија во средното училиште „Методија Митевски Брицо“ во градот.
Од 1984 до 1986 година го посетувала средното медицинско училиште „Вељко Влаховиќ“ (денес преименувано во „Јане Сандански“) во Штип со што се стекнала со звањето медицинска сестра, како што ѝ работела од 1987 до 2006 година во јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица.
Во периодот од 2009 до 2012 година студирала психологија на факултетот за општа психологија на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, каде се здобила со титулата дипломиран психолог.
Од 2006 до 2017 година работела како медицинска сестра во приватната здравствена установа „Д-р Драги Фамили Медика“ во Македонска Каменица.
Наводи
Категорија:Саса Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Македонска Каменица Категорија:Луѓе од Македонска Каменица