Ружди Љата ( во Дебар — во ) — македонски политичар од редовите на ДУИ и градоначалник на Општина Дебар.

Животопис

Љата основно училиште има завршено во родниот Дебар, додека средно училиште завршил во медреса во Приштина. Студирал ориентални јазици на филолошкиот факултет при универзитетот во Приштина, а по дипломирањето работел во Исламската верска заедница (ИВЗ). Во периодот 1980–1991 предавал ориенталистика на приштинскиот универзитет, а од 1993 до 1995 година предавал на факултетот за исламски науки во Скопје. Во периодот 2009–2013 држел предавања на катедрата за ориентални студии при Државниот универзитет во Тетово, а на локалните избори во 2013 станал градоначалник на Општина Дебар. На локалните избори во 2017 освоил втор градоначалнички мандат.

Љата говори македонски, албански, српски, турски и арапски јазик. Освен со учителска дејност, тој се занимавал и со преведување од арапски јазик. Љата бил активист за помирување на населението во случај на различни конфликти и има регистрирано над 150 помирувања. По повод 100-годишнината од независноста на Албанија му била доделена титулата „почесен граѓанин на градскиот совет на Пешкопеа“.

По кусо и потешко боледување Љата починал на 24 ноември 2018 година.Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата, телевизија Телма, 24.11.2018

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Политичари од Дебар Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Градоначалници на Општина Дебар