Буковик — вулканска купа сместена на 3 км североисточно од Пехчево, во состав на планината Влаина. Претставува единствена јасно изразена вулканска образба во тој дел од земјата. Има пречник од околу 3,5 км, а површина од . Потекнува од горниот миоцен. Месното население ја смета за посебна планина.

Од јужната страна е длабоко пресечена со долината на Пехчевска Река, а од северната ја сече изворишниот дел на Желевица. Истакнатоста на купата (во однос на околниот предел) изнесува 600-700 м, а највисок врв е Орловец (1.723 м). На исток од овој врв, преку благо седло, Буковик се поврзува со билото на планината Влаина и нејзиниот највисок врв Кадиица (1.932 м).

Состав и облик Купата е сочинета од кварцлатити, но не се забележува јасна кратерска структура, но присутни се траги од лавини текови, особено кон западен правец. Пирокластичниот материјал најверојатно е однесен со речната ерозија.

Поврзано Влаина Вулканизам во Македонија Буковик — истоимена планина во Кичевско

Наводи

Категорија:Планини во Македонија Категорија:Географија на Пехчево Категорија:Вулкански купи Категорија:Вулканизам во Македонија