мини|десно|250п|Палење на Баднакот во Белград мини|десно|250п|Внесување на Баднакот во Битола во 1917 година со музика

Бадниково гранче или Баднак — отсечен дел од дабово дрво, кој според традициите на православните христијани во речиси целиот православен словенски дел на Балканот, вклучително и во Македонија, треба да се постави во огништето или каминот и да гори за Бадниковата вечер. Општо и целата куќа се украсува со Бадникова гранчиња.

Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче се забележува уште од 4 век. Бадниковото гранче, кое го симболизира здравјето, ги слави животот и вечната среќа. Тоа е гранче од дабово дрво, а во дамнешните времиња овие дрвја се сметале за најиздржливи и за највековити. За разлика од другите листопадни дрва, со почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат својата боја, но повеќето од нив се задржуваат на гранките во текот на зимата. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да ги затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.

Наводи

Категорија:Божик Категорија:Даб Категорија:Македонски народни обичаи