Мауна Кеја ( - „бела планина“) — неактивен штитест вулкан на островот Хаваи во американската сојузна држава Хаваи. Тој е највисок од петте вулкани кои се наоѓаат на островот Хаваи.

Неговата надморска висина изнесува 4.207 м, а од морското дно висока е 9100 м. Надморската висина на соседниот вулкан Мауна Лоа изнесува 4.169 м.

На хавајски јазик името на вулканот значи „Бела Планина“ заради тоа што врвот на вулканот е редовно прекриен со снег, иако постојат теории дека името на вулканот потекнува од „Мауна-о-Вакеја“ што би значело „Планина на божеството Вакеја“.

На врвот на планината е изградена опсерваторија, па заради поволните климатски и временски услови како и нејзината положба, се смета за едно од најдобрите места за посматрање на семирот.

Вулканот последен пат избил околу 2460 г.п.н.е. (± 100 години)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Штитести вулкани Категорија:Планини на Хаваите Категорија:Вулкани во САД Категорија:Четириилјадници