Зграда на националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ — библиотечна зграда во Скопје. Зградата била свечено отворена на 27 декември 1971 година"Времеплов", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 31.. Прогласена за споменик на културата.
Опис Зградата е изградена во 1971 година специјално за Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски. Се наоѓа во центарот на Скопје на улицата „Гоце Делчев“ бр. 6. Објектот е пример на решение на библиотечен простор во посебни кубуси со скелет од армиран бетон и обликувани со тремови и чардаци. Се состои од По+П+1 и има корисна површина од околу 10.000 м2, со депоа и конзерваторска лабораторија (подрум), хол за промоции и изложби, работни простории (приземје), оддели и читални (кат) .
Во 2009 година е изградена нова зграда поврзана со старата, која се состои од сутерен, приземје и два ката и има површина од околу 3.000 м2.
Состојба Состојбата на објектот е добра.
Наводи
Категорија:Недвижно културно наследство на Македонија Категорија:Споменици на културата во Македонија Категорија:Општина Центар