Муса Али (арапски: موسى علي) — стратовулкан од 2021 метри (6,631 стапки), кој се наоѓа на тромеѓата во Етиопија, Еритреја и Џибути. Вулканот е највисока точка во Џибути. Самиот врв на вулканот е скратен со купа, која содржи риолитички куполи од лава и лавини текови. Последната позната ерупција се случила пред ерата на Холоценот.
Муса Али се наоѓа во тромеѓата на регионот Таџура во Џибути, јужниот дел на Црвено Море во Еритреја и регионот Афар во Етиопија.
Географија
Планината има два посебни врвови, повисокиот е јужниот со надморска височина од 2.021 метри. Северниот врв во Етиопија има височина од 1.871 метри. Двата врвови се одделени со голема купа, околу 1 километар и длабочина од 1514 метри. Муса Али, во северниот дел на регионот на Голема Раседна Долина, ја има Еритреја на северниот дел, Етиопија на запад, и Џибути на исток и југ. Џибутискиот град Дора е 36 километри јужно, етиопскиот вулкан Манда-Инакир е 22 километри југозападно, а патот од етиопскиот град Манда до еритрејското пристаниште Асаб е 19 километри северозападно.
Диви животни и флора
Планината е дом на изобилство диви животни, бујна вегетација, цветни грмушки, дрвја и разни растенија.
Историја
Двете секти од народот Афари живеат во оваа област. Позицијата на Али Муса како тромеѓа меѓу Етиопија, Еритреја и Џибути не е резултат на договорот помеѓу трите земји. Во декември 1948 британската администрација Еритреја одбила да присуствува на состанокот со другите две партии за да ја утврди точната локација на нивните тромеѓи, поставена во договорот од 1908. Британската администрација на Еритреја завршила во 1952 година, а со зголемувањето на етиопската администрација во текот на следната деценија, и инкорпорирање во Етиопија од 1962 до 1993 година, границата била внатрешна, а не интернационална. Во 2002 година, Комисијата за граници на Еритреја и Етиопија ја воспоставиле тројната точка на врвот на Муса Али. Етиопија притиснала за тоа да биде подалеку на исток, близу до Дадато во Џибути.
Клима
Температурата на Муса Али обично се движи од 7 °C до 19 °C во декември и јануари и 14 °C до 29 °C од јуни до септември. Времето на планината може да биде многу непредвидливо.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Активни вулкани Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани во Џибути Категорија:Планини во Џибути Категорија:Вулкани во Еритреја Категорија:Планини во Еритреја Категорија:Вулкани во Етиопија Категорија:Планини во Етиопија Категорија:Тромеѓи Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Африка