Церско Поле — предел во Демирхисарско кој претставува најголемо карсно поле во Македонија, со вкупна површина од и површина на дното од . Се наоѓа меѓу планините Лубен и Баба Сач во областа Железник (денес во Општина Кичево), со просечна надморска височина на дното од 955 м. Настанато е на допирот на палеозојски (девонски) шкрилци и мермери. Во северниот дел дното е прекриено со пролувијални и алувијални наноси, додека кон југ алувијалните наноси се губат и дното е прекриено со тенок слој на црвеница.

Според настанокот, Церско Поле може да се класифицира во типот на рабни полиња, што значи дека е образувано при допирот на водонепропусни и карсни карпи. Во првично тектонски предиспонираната карсна котлина, Церска Река и нејзините притоки таложеле наносен материјал во северниот дел, на контактот со карстот, при што, при поплави, се јавувала рабно разјадување, кое постепено било поместувана кон југ, создавајќи го рамното дно на полето.

Денес Церска Река целосно понира низ алувијалните наноси по дното на полето. Со оглед на тоа што сепак се јавува повремен површински тек по дното на полето, од хидролошки аспект Церско Поле би го класифицирале како приточно-понорничко поле. По дното, во јужниот дел се јавуваат и алувијални (суфозијски) вртачи.

Населени места Во пределот Церско Поле се наоѓаат три села: Цер, Мало Црско и Големо Црско, кои се наоѓаат во пазувите на Баба Сач и Лубен.

Галерија

Поврзано Вишкоец Железник Тони Вода Церска Река Лопушник

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Карст Категорија:Цер (село) Категорија:Општина Кичево Категорија:Геологија на Македонија