Ерафајекидл () — вулкан во југоисточен Исланд покриен со мраз. Најголемиот активен вулкан и највисок врв во Исланд со 2110 метри кој се наоѓа во Националниот парк Ватнајекидл и покриен е со ледникот. мини|Кванаталсхнукир, највисокиот врв на Ерафајекидл.|289x289пкс Опис Сместен во југоисточен Исланд на околу 200 милји од главниот град, Рејкјавик, вулканот се наоѓа под Ватнајекидл, најголем ледник во Европа. Неговата ерупција во 1362 била најексплозивната ерупција од населувањето на Исланд, дури и поексплозивна од онаа на планината Везув која во 79 година го уништила градот Помпеја.
Ерафајекидл се наоѓа во јужниот крај на ледникот Ватнајекидл и со поглед на обиколницата помеѓу Хепн и Вик. Тоа е најголемиот активен вулкан во земјата, а на северозападниот гребен на највисокиот кратер е Кванаталсхнукир, највисокиот врв во Исланд со 2110 метри надморска височина . Географски гледано, Ерафајекидл се смета за дел од Ватнајекидл и површината покриена со ледникот е во граница на Националниот парк Ватнајекидл.
Активност Ерафајекидл избувнал двапати во историските времиња, во 1372 и 1728.
Ерупција во 1372 Во 1362, вулканот избил експлозивно, со огромни количини на тефра која била исфрлена. Областа на Литла-Херад била уништена од поплави и падната тефра. Повеќе од 40 години поминале пред луѓето повторно да ја населат областа, која станала позната како Ерефи. Името буквално значи област без пристаниште, но на исландски тоа значи пустелија.
Ерупција во 1728 Една ерупција во август 1727-28 била помала отколку во 1372, иако со поплавите се знае дека биле предизвикани од три смртни случаи.
Активност во 2017 Зголемена земјотресна активност во форма на мали потреси кои се движат од длабочина од 1,5 - 10 километри под самитот кратер, започнале во август 2017 според Исландската метеоролошка канцеларија. На почетокот на декември забележани биле 160 мали земјотреси и депресија во снегот од 72 стапки што покажува вулканска активност.
Алармот бил подигнат на жолто на 17 ноември 2017, по појавата на подледничка ерупција во внатрешноста на главниот кратер и зголемување на геотермална активност под ледникот.
Поврзано Географија на Исланд Список на ледници во Исланд Список на езера во Исланд Список на острови во Исланд Список на вулкани во Исланд Список на реки во Исланд
Наводи
Надворешни врски Ерафајекидл во Каталогот вулкани на Исланд Вулканот н из фотографии Фотографии од Ерафајекидл www.Icelandportfolio.com http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1704-01=
Категорија:Активни вулкани Категорија:Ледници во Исланд Категорија:Планини во Исланд Категорија:Јужен Регион (Исланд) Категорија:Вулкани во Исланд