Порак или Аксарбахар — стратовулкан кој се наоѓа во вулканскиот предел Варденис. Се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од езерото Севан, а вулканското поле ја опфаќа границата помеѓу Ерменија и Азербејџан (Нагорно-Карабах) со лавини текови кои се наоѓаат во двете земји. Десет сателитски конуси и фисурни отвори лежат на страните на вулканот.

Самиот вулкан Порак е датиран околу 15 ± 15 ka според Калиум-аргонското датирање. Два долги лавини текови, од кои едниот е со должина од 21 километри, се протегаат од вулканското поле северно и североисточно. Во областа има термални извори, а средината на плеистоценот Хонарасар се наоѓа на север од Порак. Комплексот е изграден од делумно седиментни карпи и делумно вулканогенски серии од горната креда и еоценот..

Опис

Постојат четири етапи на трахијандезитски лавини текови, од кои најстариот го формирал самиот вулкан Порак и помладите три добиени од конуси и фисури. Двата видови на лавини текови ги прекриваат наносите на Севанското Езеро со тенка покривка на почвата од раната фаза на Холоценот. Втората фаза формирала текови на лава кои влегуваат во езерото Алагел и не се покриени со почвата.

Неколку археолошки наоѓалишта (еден од нив датиран со анализа на радиојаглерод според која анализа датираат од 3080 ± 40 ПС - 3200 ± 40 ПС) се изградени во двете најстари фази на Холоценот, но не и најновата фаза. Лавини текови во третата фаза се протегаат на работ од една од овие локации, која била изградена врз лава од претходните две фази, што укажува на тоа дека местоположбата била погодена од историска вулканска активност. Исто така, постојат докази за силна активност на земјотреси датирани од 6640 ± 90 ПС и помеѓу 782 и 773 п.н.е.

Натписот од Хорхор

На натписот Хорхор, во кој Аргишти I од Урарту го евидентира освојувањето на градот Беура, се забележува дека за време на опсадата градот бил уништен од земјотрес и ерупција на „планината Бамни“. Историчарите сметаат дека веројатно вулканот Порак всушност е планината Бамни и дека Беура бил еден од археолошките наоѓалишта во областа. Меѓутоа, местоположбата на Беура е контроверзна. Идентификацијата на уште еден натпис од наследникот на Аргиштис, Сардури II, дава доказ за уште една ерупција на Порак.

Постарите докази за вулканска активност укажуваат на привремено исчезнување на шумите во областа пред 6.270 ПС, најверојатно поради шумски пожари предизвикани од вулканска активност. Петроглифите од околу 5.000 ПС, исто така, портретираат вулканска активност.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Стратовулкани Категорија:Планини во Ерменија Категорија:Вулкани во Ерменија Категорија:Врвови во Азербејџан Категорија:Вулкани во Азербејџан Категорија:Триилјадници Категорија:Меѓународни планини во Европа Категорија:Меѓународни планини во Азија