мини|десно|250п|Лахар од вулканот Пинатубо Лахар – вид на каллив тек или тек на дробина, составен од кашеста маса од пирокластичен материјал, дробина од стени и вода. Овој материјал се движи од вулканот, обично по речна долина.

Лахарите се крајно деструктивни, може да се движат со брзина од десетици метри во секунда, да бидат длабоки и 140 метри и да уништат каква било структура на нивниот пат. Најпознати се Пинатубо и Невадо дел Руис, а последниов убил илјадници луѓе.

Опис Лахар е индонезиски збор кој означува вулкански калливи текови и текови на дробина. Лахарите имаат иста цврстина и вискозност, како и многу слична густина како бетонот. Додека течна, тие се течни, но штом застанат стануваат цврсти. Лахарите можат да формираат своја патека, без разлика дали таа е веќе предиспонирана со некоја структура. Овој факт ја отежнува можноста за предвидување на правецот и брзината на движење на овие текови. Вискозноста на лахарите се смалува со време и со количината на дожд, иако калта зацврстува набрзо после запирањето на текот.

Поврзано Пирокластичен тек Пирокластичен сурџ

Наводи

Литература Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука Schmincke, H. U. 2004. Volcanism. New York: Springer ISBN 3-540-43650-2

Надворешни врски

Категорија:Вулканологија Категорија:Природни катастрофи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ