Килауеја () — вулкан на Хаваите, на југоисток од архипелагот, на истоимениот остров. Овој штитест вулкан кој се формирал во подножјето на блискиот Мауна Лоа се издига на 1.246,2 м надморска висина, и е еден од најголемите светски вулкани според количината на излеана лава. Од нејзиниот врв крунисан со купа чија должина е пет километри, во два правци се простираат бројни кратери, конуси и вулкански пукнатини со должини од повеќе десетици километри. Еден од неговите еруптивни отвори, Пуу Оо, е во постојана ерупција од 3 јануари 1983 година што Килауеја го прави еден од најактивните вулкани на светот земајќи ги предвид 52 избуви што тој ги имал само во текот на 20 век. Овие избуви кои го дефинирале хавајскиот избувен вид се одликува со лава со голема флуидност која доаѓа од хавајската жешка точка и од која произлегле и други вулкани од архипелагот.
Опис Сместен по должината на јужниот брег на островот, вулканот е стар 300,000 до 600,000 години и се појавил на надморска висина пред околу 100.000 години. Тоа е вториот најмлад производ на хавајската жешка точка и тековен еруптивен центарот на хавајскиот поморски гребен. Структурно, Килауеја има широка, прилично неодамна формирана купа на нејзиниот врв и две активни судирни зони, една која се протега 125 километри источно и друга 35 километри на запад, бидејќи активен расед на непозната длабочина се движи вертикално во просек од 2 до 20 милиметри годишно.
Еруптивната историја на Килауеја е долга и активна. Името на вулканот на хавајски јазик значи "исфрлање" или "големо ширење", повикувајќи се на честите изливи на лава. Најраните лави на вулканот датираат од неговата подморска предштитеста фаза. Земени биле примероци од неговите потопени падини со помош на далечински управувани подводни возила. Лавите помлади од 1000 години покриваат 90% од површината на вулканот. Најстарите изложени лави датираат од пред 2,800 години. Првата добро документирана ерупција на Килауеја се случила во 1823 (западниот контакт и пишаната историја започнале во 1778) и оттогаш, вулканот постојано еруптира. Повеќето историски ерупции се случиле на врвот на вулканот или во неговата источна судирна зона и истите се долги и со ефузивен карактер. Геолошките наоди покажуваат дека силни експлозивни активности биле честа појава и пред европскиот контакт а во 1790 една таква ерупција убила над 80 војници. Тековната ерупција на Килауеја датира од 3 јануари 1983 и претставува негова најдолготрајна активност во неговиот историски период на активност а воедно тоа е и една од најдолготрајните ерупции во светот. Од јануари 2011 година, ерупцијата има произведено 3,5 кубни километри лава создавајќи 123 километри копно. мини|343.991x343.991пкс|Килауеја Високото ниво на активност на Килауеја влијание врз екологијата. Растот на растенијата честопати е прекинат поради свежата тефра и испуштениот сулфур диоксид, кој предизвикува кисели дождови особено во пустата област јужно од неговата југозападна зона позната како Пустина Кау. Сепак, онаму каде што вулканот не го уништил, дивиот свет е буен и многу ендемски благодарение на изолацијата на Килауеја од најблиското копно. Историски, петте вулкани на островот Хавајците ги сметаат за свети места и во хавајската митологија кратерот на Килауеја било тело и дом на Пеле, божица на огнот, громот, ветерот и вулканите. Вилијам Елис, мисионер од Англија, го дал првиот современ запис за Килауеја поминувајќи две недели на патување околу вулканот. Од нејзиното основање од страна на Томас Џагар во 1912 година, Хавајската вулканска опсерваторија, која се наоѓа на работ на купата на Килауеја, служела како главно истражувачко и научно тело на вулканот и на островот во целина. Во 1916 година, бил основан Националниот парк на вулканите во Хаваи и оттогаш паркот станал дел од светското наследство на УНЕСКО и една од главните туристички одредишта со привлекување на околу 2.6 милиони луѓе годишно.
Геологија
Поставеност Како и сите хавајски вулкани, вулканот Килауеја се создадал кога тихоокеанската тектонска плоча се поместила над хавајската "жешка" точка. Вулканите на островот Хаваи се најновите докази за овој процес кој, пред 70 милиони години, го создал Хавајскиот поморски синџир долг 6000 километри. Килауеја е еден од петте вулкани кои го сочинуваат островот Хаваи. Најстариот вулкан на островот, Кохала, е стар повеќе од милион години а најмладиот Килауеја, се проценува дека е на возраст од 300,000 до 600,000 години. Подводниот вулкан Лоихи, кој се наоѓа на падината на островот е дури помлад, но тој допрва треба да избие на површината. Оттука, тој е вториот најмлад вулкан во Хавајскиот поморски синџир, венец на штитести вулкани и подводни планини кој се протега од Хаваи до ровот на Камчатка во Русија. мини|Пресек на источната судирна зона на Килауеја Според моделот на формирањето на сите хавајски вулкани,"Kīlauea – Perhaps the World's Most Active Volcano" . Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. вулканот Килауеја својата историја ја започнал како подводен вулкан, постепено градејќи се нагоре преку подводни ерупции на алкално базалтна лава пред да излезе од морето со серија експлозивни ерупции пред околу 50.000 до 100.000 години. Оттогаш, вулканската активност веројатно била истата како онаа сега, континуиран прилив на ефузивни и експлозивни ерупции по приближно истата шема како и неговата активност во последните 200 или 300 години.
Иако е над 600,000 години стар,"Kohala – Hawai``i's Oldest Volcano" . Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. Килауеја сè уште се смета за млад хавајски вулкан. Најстариот вулкан на островот, Кохала на северозападниот дел речиси 900,000 години бил активен пред да се угасне. Активноста на вулканот во блиска иднина најверојатно ќе биде истата како онаа во минатото, пред 50,000 и 100,000 години. Хавајската и експлозивна активност ќе продолжи да го зголемува врвот на Килауеја, вулканот ќе гради судирни зони и ќе продолжи да ја пополнува својата купа."Kilauea: Eruption History" . Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 2 November 2007. Структура
Килауеја бил мошне активен во текот на неговата историја. Од 1918 наваму, единствената подолга пауза на Килауеја која траела 18 години била помеѓу 1934 и 1952 година.Ken Ruben (11 May 2005). "Historical Eruptions of Kilauea Volcano: Summary of Eruptions". SOEST – Hawaii Center for Volcanology. Во најголем дел ерупцијата се состои од цврсти текови на лава, со повремено исфрлање вулкански пепел и тефра со релативно послаби експлозивни ерупции. Голем дел на вулканот е покриен со историски текови на лава и 90% од неговата површина датира од последните 1,100 години.John Watson (July 18, 1997). "Lava Flow Hazard Zone Maps: Kilauea". United States Geological Survey. Килауеја се изградил себеси нагоре од дното на океанот со текот на времето па на тој начин поголемиот негов дел останува подводен. Неговата воздушна површината е во форма на благо наведнат, издолжен, децентрализиран штит со површина од 1,500 километри,"Kilauea's east rift zone: an enormous ridge from the summit caldera to the ocean floor". Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. правејќи до 13.7% од вкупната површина на островот.
Килауеја има голема купа на врвот од 4 до 3,2 километри со ѕидови високи до 120 метри, прекршени од лавини текови на југозападната страна. Не е познато дали купата секогаш постоела или релативно е нова бидејќи можно е да постоела и да исчезнувала во текот на еруптивната историја на вулканот. Тоа што е познато е дека најверојатно била формирана во тек на неколку векови, и се смета дека изградбата на сегашната купа започнала пред околу 500 години и дека нејзината сегашна форма била финализирана со особено моќната ерупција во 1790. Главна одлика во рамки на купата е кратерот Халемаума, голема јама"Volcanic Landforms of Hawaii Volcanoes National Park". Oregon State University. Archived from the original on 8 July 2011. и еден од најактивните еруптивни центри на Килауеја. Кратерот има обем од околу 920 метри со длабочина од 85 метри, но неговиот облик варирал низ историјата. Долниот дел на Халемаума денес претежно е прекриен со лавата од најновата ерупција, во 1974 година.
Сите историски ерупции на Килауеја се случиле главно на три места: на врвот на купата, на источната судирна зона или на југозападната зона."Kīlauea – Perhaps the World's Most Active Volcano" . Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 7 May 2009. Половина од историските ерупции се случиле во или во близина на купата. Активност имало речиси континуирано во тек на 19 век и тоа кулминирало со голема експлозивна ерупција во 1924 година. Новата активност главно се префрла кон источната судирна зона, локација на 24 историски ерупции, главно во горниот дел. Спротивно на тоа, на југозападниот судирен дел вулканот е релативно тивок и тука се случиле само пет вулкански настани до денес.
Историја на ерупциите десно|мини|Вулкански пепел со сулфур диоксид од кратерот Халемаума Праисториски ерупции Геолозите датирале и документирале десетици големи ерупции во текот на долгата историја на вулканот, премостувајќи го долгиот јаз помеѓу најстарата карпа на Килаеуа и најпоследните писмени документи и историски опсервации."Kilauea: Eruptive history". Global Volcanism Program. Smithsonian National Museum of Natural History. Историските лави на вулканот научниците ги утврдувале на три начини. Најстарите текови, кои датираат од 275,000 да 225,000 години, се утврдувале на потопената јужна падина со далечински управувани подводни возила со кои биле земени примероци од предштитестата фаза, кога вулканот бил подводен и уште не бил над површината на океанот."Oldest radiometric ages from Kilauea about 275,000 years" . Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 10 September 2007. Вториот начин на утврдување било со дупчење на подлабоките талози заради земање основни примероци од јадрата на карпите и третиот бил со палеомагнетско датирање, применето кај воздушно изложениот дел на вулканот. Ова датирање укажувало на возраст на вулканот од 50.000-70.000 години. Пресметките се правеле и врз основа на таложењето пепел во тек на историјата кое се проценува дека било со просечна стапка од 6 метри на илјада години. Најстариот добро проучен еруптивен производ од Килауеја е пепелот Увекахуна, производ на експлозивни ерупции пред околу 2,800 и 2,100 години. Иако во голема мера бил закопан со помладите текови на лава, сепак останува изложен во некои места и може да се најде на повеќе од 20 километри од купата на вулканот што е доказ за многу моќна ерупција.
мини|Слика за ерупцијата во 1891
1790 до 1934 Најстарите сигурни писмена докази на историската активност датираат од околу 1820,D. A. Swanson; J. Rausch (2008). "Human Footprints in Relation to the 1790 Eruption of Kīlauea". Eos, Transactions, American Geophysical Union. American Geophysical Union. 89 (53): 2022. Bibcode:2008AGUFM.V11B2022S. и првата добро документирана ерупција се случила во 1823, кога вулканот за првпат бил набљудуван. иако домородните Хавајци се верува дека првпат се населиле на островот пред околу 1,500 години, постојат слаби усни докази за периодот пред европското пристигнување на островот и истите се тешки за толкување.Christina A. Neal; John P. Lockwood (2003). "Geological Map of the Summit Region of Kīlauea Volcano, Hawaii" (PDF). United States Geological Survey. Пред европското пристигнувањето на островот фитомагнетна ерупција се случила во 1790,Ken Ruben (11 May 2005). "Historical Eruptions of Kilauea Volcano: Summary of Eruptions". SOEST – Hawaii Center for Volcanology. при што загинале воини кои биле дел на војската на Кеоуа Куаула, последниот поглаватар кој се спротивставил на владеењето на Камехамеха I. Килауеја забележал 61 поединечна ерупција од 1823, со што станал еден од најактивните вулкани на Земјата.