Тиквичка — едногодишно лијанско растение од фамилијата тикви (Cucurbitaceae), чиј плод се користи во човечката исхрана. Тиквичката е одгледуван култивар од тиквата.
Потекло мини|десно|Цвет на тиквичка Постојат разни теории за потеклото на тиквичката – некои тврдат дека потекнува од Азија, конкретно од Индија Тиквице побољшавају концентрацију, додека други тврдат дека потекнува од Америка, поконкретно од Мексико и дека во Европа ја донеле шпанските конквистадори. Меѓутоа, оваа теорија не делува веројатно бидејќи тиквичките се споменуваат во Стар Египетстароегипетските записи, а исто така постојат и докази дека ја познавале и антички РимРимјанитеCurso a distancia: Agricultura: Calabacín.
Одгледување Тиквичката бара многу светлина и топлина. На температуратемператури пониски од 10 °C, растението престанува да расте. Треба доста да се наводнува, а земјата да се одржува влажна, но треба да се води сметка за влажноста затоа што тиквичката е склона на габични заболувања. Земјата на која се сади треба да биде растресита, длабока и по можност песоклива. Стеблото би требало да се потпре со потпорни стапови, бидејќи плодовите се многу тешки, па тежнеат да се спуштат на земја, со што плодот би бил поизложен на растителни болести
Особини
Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, и како такво се препорачува во диетите за слабеење. Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, па во народната медицина се користи за исфрлање на излишната течност од организмот, а се верува дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта.Базар онлајн. Сезона тиквица и плавог патлиџана, а исто така ја подобрува и концентрацијата . Тиквичката содржи и значајни количини витамин Ц.
Галерија
Поврзано Полнети тиквички
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Cucurbitales Категорија:Зеленчук