мини|десно|Бог на еротската љубов Купидон (латински: cupido) - бог на еротиката и љубовта кај Старите Римјани.

Митологија Купидон е познат и како Амор, а сличен е на богот Ерос (или Потос) од старогрчката митологија. Тој бил замислен како немирно момче со крилја кое ја следи божицата Венера или Викторија,Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд. а претставен е со златен тоболец, со лак и стрела-{Answers.com: Cupid}-, Посетено на 10. 4. 2013.. Овие стрели поттикнувале желба. Неговите стрели се наречени „стрели на страста“, но некои имале и моќ да ги одвратат луѓето од оние кои се во нив вљубени.Артур Котерел и Рејчел Сторм. 2004. Свеобухватна енциклопедија митологије. АЛНАРИ д. о. о. Београд. ISBN 86-7710-033-4

Потеклото на Купидон се разликува во различни извори. Само Цицерон споменува три можни потекла: дека тој е син на Меркур и Дијана, син на Меркур и Венера, но и син на Марс) и Венера. Платон спомнува две од тие опции, додека неговиот пандан во старогрчката митологија, Ерос, најчесто е споменуван како син на Хаос, односно дека настанал од него.

Митот за Купидон и Психа Со поврзување на различни митови, Апулеј во 2 век п.н.е. ја направил познатата приказна за љубовта на Купидон и Психа, раскажана во неговиот роман „Златното магаре“: Психа била толку убава, што ја обожавале сите луѓе, но поради тоа го предизвикала гневот на божицата Венера. Таа го испратила својот син Купидон со задача да ја натера Психа да се вљуби во најнедостојниот човек. Наместо тоа, Купидон се вљубил во Психа и секоја ноќ почнал да ја посетува како нејзин маж, но никогаш не ѝ се покажал. Сестрите на Психа слушнале за нејзината среќа и ја убедиле да го убие мажот, велејќи дека тој е чудовиште. Ноќта, кога заспал Купидон, Психа се обидела да го убие и дури тогаш го видела во целата негова убавина. Тогаш, Купидон се разбудил и ја напуштил Психа, а таа им се одмаздила на сестрите. Психа го барала саканиот маж низ целата земја, а во меѓувреме, Венера ја барала неа со намера да ја казни. Најпосле, Психа отишла кај Венера и таму била подложена на измачување. Имено, Венера ѝ поставила на Психа неколку тешки задачи, но таа ги извршила со помош на мравите, трската, орелот и кулата. По налог на Венера, Психа слегла во подземниот свет, но при враќањето заспала во смртен сон. Тогаш, Купидон ја спасил саканата, по што Јупитер ги венчал и набргу Психа и Купидон ја добиле ќерката Наслада.Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 56-112.

Купидон како мотив во уметноста и во популарната култура „Доаѓањето на Купидон“ (англиски: Cupid Come) - песна на британската рок-група Мај блади валентајн (My Bloody Valentine) од 1988 година.Discogs, My Bloody Valentine – Isn't Anything (пристапено на 28 јануари 2021) „Купидон“ - песна на македонската група Фолтин од 2015 година.Фолтин, Пијан славеј, НУ Центар за култура, Битола, 2015.

Наводи

Поврзано Римска митологија Ерос

Категорија:Римски богови Категорија:Римска митологија