Суфриер — активен стратовулкан на францускиот остров Бас Тер, во Гваделуп. Ова е највисокиот планински врв на Малите Антили и се издига на височина од 1.467 метри.

Последната магматска ерупција била во 1580 година (± 50), во текот на која се изградила тековната лавина купа. Поновите ерупции се френетични по вид.

Во 1976 година голем број сеизмички активности довеле до масовна евакуација на 72.000 жители на островот. Постоела и дилема помеѓу научниците за тоа дали треба да се направи евакуација. Вулканот избувнал на 30 август 1976 година, но бил помалку сериозен отколку што било предвидено. Немало жртви, поради целосната евакуација.

Додека островот бил напуштен, германскиот режисер Вернер Херцог отпатувал во напуштениот град Бас Тер каде пронашол селанец кој одбил да го напушти својот дом на падините на вулканот. Неговото патување е снимено во филмот La Soufrière.

Наводи

Категорија:Активни вулкани Категорија:Стратовулкани Категорија:Планини во Гваделуп Категорија:Вулкани во Гваделуп