„Убиство во Ориент-експрес“ (англиски: Murder on the Orient Express) — американски филм од 2017 година во режија на Кенет Брана и по сценарио на Мајкл Грин, заснован на истоимениот роман од 1934 година на Агата Кристи. Во главните улоги се појавуваат: Кенет Брана, Пенелопе Круз, Вилем Дефо, Џуди Денч, Џони Деп, Џош Гад, Дерек Џакоби, Лесли Одом, Мишел Фајфер и Дејзи Ридли. Филмот го следи славниот детектив Херкул Поаро, кој се обидува да реши убиство на познатиот европски воз Ориент-експрес во 1930 година.

„Убиство во Ориент-експрес“ премиерно бил прикажан на 2 ноември 2017 година во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во САД бил издаден на 10 ноември 2017 година, од страна на 20th Century Fox. Филмот бил комерцијален успех, заработувајќи преку 297 милиони долари на светско ниво, во споредба со буџетот од 55 милиони долари. Од филмските критичари, филмот се здобил со мешани критики, и тоа пофалби за изведбата на глумците и за продукцијата, и негативни критики насочени кон неинвентивноста да се додаде нешто ново во споредба со претходните адаптации.

Синопсис Херкул Поаро, најдобриот детектив на светот, патува во познатиот воз Ориент-експрес. Патем, возот е принуден да застане поради мала лавина и тогаш во него се случува убиство. Во возот се наоѓаат повеќе луѓе кои не само што имале можност да го извршат убиството, туку имале и мотив за тоа.Убиство у Оријент експресу (пристапено на 22.5.2024)

Улоги

Кенет Брана како Херкул Поаро Пенелопе Круз како Пилар Естравадос Вилем Дефо како Герхард Хардмен Џуди Денч како Принцезата Драгомироф Џони Деп како Самуел Ратчет Џош Гад како Хектор Маквин Дерек Џакоби како Едвард Хенри Мастерман Лесли Одом како Д-р. Арбутнот Мишел Фајфер како Каролин Хабард Дејзи Ридли како Мери Дебенхем Том Бејтман како Бук Оливија Колман како Хилдегард Шмидт Луси Бојнтон како Грофица Хелена Андрењи Марван Кензари како Пјер Мишел Мануел Гарсија-Рулфо како Бенџамино Маркез Сергеј Полунин како Гроф Рудолф Андрењи Миранда Раисон како Соња Армстронг

Прием Заработка До 16 декември 2017 година, Убиство во Ориент-експрес остварил заработка од 97.25 милиони долари во САД и Канада, и 200.7 милинои долари во другите територии, за вкупна заработка од 297,9 милиони долари, наспроти буџетот од 55 милиони долари.

Во САД и Канада, Убиство во Ориент-експрес бил издаден заедно со филмот Тато се врати 2, и било проектирано да оствари заработка од 20 милиони долари од 3,341 кина во првиот викенд на прикажување. Филмот заработил 10,9 милиони долари на првиот ден на прикажување. Филмот ги надминал очекувањата и во првиот викенд на прикажување заработил 28,7 милиони долари, завршувајќи на третото место по големина на заработка, зад Тор: Рагнарок и Тато се врати 2. Во првиот викенд на прикажување, 51% од гледачите биле луѓе со возраст над 35 години. Во вториот викенд на прикажување, филмот заработил 13,8 милиони долари (пад од 51.9%), завршувајќи на петтото место, зад Лига на правдата, Чудо, Тор: Рагнарок и Тато се врати 2.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови снимени во Лондон Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови на Кенет Брана Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови со Кенет Брана Категорија:Филмови со Пенелопе Круз Категорија:Филмови со Вилјем Дефо Категорија:Филмови со Џуди Денч Категорија:Филмови со Џони Деп Категорија:Филмови со Џош Гад Категорија:Филмови со Дерек Џакоби Категорија:Филмови со Лесли Одом Категорија:Филмови со Мишел Фајфер Категорија:Филмови со Дејзи Ридли Категорија:Американски детективски филмови