десно|мини|Примерок на силно порозна пемза од вулканот Теида на Тенерифе на Канарски ОстровиКанарските Острови. Неговата густина е само 0,25 кг на кубен дециметар. Скалата е во сантиметри. Пемза – лесна, бела или сива, извонредно шупликава и сунѓереста карпа, со кисел или среднокисел составГеолошка терминологија и номенклатура IV петрологија, Beograd, 1975. Оваа високомеуреста пирокластично екструзивна магматска карпа содржи риолит, трахит и фонолит.

Особености Бојата на пемзата е обично светла, главно бела. Како екструзивна карпа, создадена при ерупција на вулкан. Нејзината просечна порозност е околу 90%. Пирокластичниот материјал е исфрлен во воздухот како пена која содржи меурчиња гас. Лавата брзо се стврднува, а меурчињата остануваат заробени во карпатА. Заради тоа пемзата е исклучително лесна, па не пропаѓа во вода и се користи за производство на лесни бетони.

Пемзата е многу лесна па често плови по вода Базалтната верзија на пемзата е позната како скорија и многу се разликува заради минералогијата. Кога е присутна поголема количина гас тогаш настанува ситнозрнеста верзија на пемзата позната како пемзит. Пемзата се смета за стакло бидејќи нема кристална структура – аморфна е. Варира и во густината, во зависност од односот на меурчињата и цврстиот материјал. Многу примероци пемза пловат на вода. После ерупцијата на вулканот Кракатау во Тихиот Океан, долго време пливале сплавови пемза долги и до 25 метри. На некои растеле палми и друга вегетација. За време на подземните вулкански ерупции близу Тонга во 1979, 1984 и 2006 година настанале големи сплавови пемза долги и до 30 км кои пловеле илјадници километри до Фиџи. мини|лево|200п|Пемзата има многу мала густина Постојат главно два вида на меурчињата во пловките. Некои пловки се состојат од тубичести и напоредно распоредени меури,и затоа таквата пловка поприма свиленкаст изглед. Втората форма на меурчиња е сферична и таквиот пловак се содзава како резултат на зголемениот притисок во текот на ерупцијата.

Примена Пемзата многу се користи за правење исклучително лесен бетон. Се користи и како адитив на цементот и таквата пемза се нарекува поцолан и се меша со вар за да се направи лесен бетон. Ваквиот бетон бил во употреба веќе во римскиот период. Пемзата се користи и во козметиката за отстранување на вишок кожа на стапалата. Фино сомелена пемза се додава во некои забни пасти и во некои кремови за раце заради нејзината голема абразивност. Таканаречениот лавин сапун во себе содржи абразивна пемза, а го користат автомеханичарите и други кои многу ги валкаат рацете.

Наводи

Литература Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Надворешни врски

NSW to become the pumiced land Retrieved 2007-01-28.

Категорија:Вулканологија Категорија:Вулкански стакла Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Индустриски минерали Категорија:Производи за лична хигиена Категорија:Магматски карпи