Хесиш Олдендорф (; нарекуван и „Хесенски Олдендорф“) — град во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер, околу 10 километри северозападно од Хамелн. Придавката „хесиш“ („хесенски“) се користи од 1905 година, за да го разликува од другите градови именувани Олдендорф. Хесиш Олдендорф бил дел од Ландгрофовијата Хесен-Касел од 1640 до 1932 година.
Географија Местоположба
Хесиш Олдендорф се наоѓа 13 километри северозападно од градот Хамелн на Везер. Низ градот покрај велосипедската патека покрај Везер поминува и „германскиот пат на бајките“.
Градски единици
По општинската реформа во 1973 година, Хесиш Олдендорф е составен од осум единици со вкупно 24 месности:
Хесиш Олдендорф Гросенвиден (Гросенвидед и Клајненвиден) Родентал (Роден, Зегелхорст и Велзеде) Хоенштајн (Баркзен, Крикеберг, Лангенфелд, Викболзен и Церзен) Зинтел (Бензен, Хадесен, Хефинген и Пецен) Фишбек (Фишбек, Штифт Фишбек и Вајбек) Зонентал (Фридриксбург, Фридриксхаген, Фулен, Хеслинген и Румбек) Хериминген/Лахем (Херинген и Лахем)
Припојувања
На 29 јануари 1973 година биле припоени поранешните општини Фишбек (Везер) и Хемеринген.
Историја Хроника
Основањето на градот најверојатно било во втората половина на век. Во 1407 година била основана гимназија.Gerhard Schormann: Academia Ernestina. Die schaumburger Universität zu Rinteln an der Weser (1610–1810). N.G. Elwert Verlag, Marburg 1982, S. 111f До 1500 година прераснал во град со околу 1.300 жители. Во 1552 година во Грофовијата Шаумбург, а со тоа и Олдендорф, пристигнала реформацијата. Во периодот 1558–1581 во Олдендорф имало лов на вештерки: две жени и еден маж биле запалени.Gerhard Schormann: Hexenverfolgung in Schaumburg, in: Niedersächsisches Jahrbuch für Landesgeschichte, Band 45, Hildesheim 1973, S. 149–151. Со смртта на последниот гроф во 1640 година, Олдендорф заедно со Ринтелн станал ексклава на Ландгрофовијата Хесен-Касел. Во периодот 1807–1813 Олдендорф припаѓал на наполеонското Кралство Вестфалија. Во 1866 година, градот станал дел од пруската покраина Хесен-Насау. Во 1932 преминал во покраината Хановер. Со укинувањето на округот Грофовија Шаумбург и основањето на округот Шаумбург, градот преминал во округот Хамелн-Пирмонт.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Хесиш Олдендорф е збратимен со следниве градови:
Гранзе, Германија (од 1993 година)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хамелн-Пирмонт