Христијан Мицкоски (р. во Скопје) — македонски политичар, универзитетски професор. Мицкоски е премиер на Македонија во мандатот на 35. влада на Македонија.
Своето работно искуство го започнал како дел од научно-наставниот кадар на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2002 година.„Христијан Мицкоски“. Машински факултет - Скопје. Во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев, а во периодот 2016–2017 бил генерален директор на АД „Електрани на Македонија“.„Разрешен Христијан Мицкоски: ЕЛЕМ го губи најуспешниот директор досега“. Инфомакс. 5 август 2017.Во ноември 2017 година, избран е за водач на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесеттиот конгрес на партијата во Валандово, а во декември 2021 година повторно бил избран на функцијата на седумнаесеттиот конгрес на партијата во Скопје.„Мицкоски како единствен кандидат реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, без глас против и со три неважечки ливчиња“. Сакам да кажам. 12 декември 2021.
Животопис Рани години и образование Христијан Мицкоски бил роден во Скопје на 29 септември 1977 година во христијанско семејство. Неговиот татко Иван (р. 1950) бил доктор по машински науки и универзитетски професор.„Иван Мицкоски“. Машински факултет - Скопје. Тој студирал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјем во периодот од 1996 до 2001 година. Во периодот 2001–2002 година, тој остварил студиски престој на Универзитетот Перуџа и Универзитетот Сиена во Италија. Со звањето магистер по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“ под менторство на проф. д-р Емилија Ветаџокоска. Во периодот 2005–2008 година, тој остварил студиски престој на Универзитетот Илменау и Универзитетот Ахен, каде што работел на експерименталниот дел од неговата докторска дисертација. Според податоците од Националната и универзитетска библиотека во Скопје, тој во 2009 година, под менторство на проф. д-р Даме Коруноски на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, тој ја одбранил докторската дисертација со наслов „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика“. Членови во комисијата за одбрана на докторската дисертација му биле: Даме Коруноски, Кочо Анѓушев, Емилија Ветаџокоска, Владимир Дуковски и Атанаско Тунески.
Полето на научен интерес на Мицковски ги опфаќа следните подрачја: лостови механизми, проектирање и оптимизација на лостови механизми, отимизација на лостови механизми, кинематичка и кинетостатска анализа на лостови механизми, синтеза на лостови механизми, динамика на механизмите и машините, развивање на софтверски пакети за синтеза и оптимизација на механизмите, проектирање и симулации на мехатрони системи.
Професионално искуство Во периодот од 2001 до 2002, тој работел како главен и одговорен проектант и изведувач на термотехнички инсталации Фонко клима во Скопје. Од 2002 до 2004 година работи како помлад асистент на Машинскиот факултет, од 2004 до 2009 година работи бил асистент, а од 2009 до 2014 работел како доцент. Во периодот од 2010 до 2012 неколку пати престојувал на Техничкиот универзитет Виена и Техничкиот универзитет Софија. Од 2014 до 2019 година, тој бил вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје, а во декември 2019 година бил избран за редовен професор на истиот факултет.„Мицкоски е избран во звање редовен професор на Mашинскиот факултет во Скопје“. Нетпрес. 19 декември 2019.
Во периодот 2015–2017 година, тој бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев. Во 2016 година поставен е за претседател на управениот одбор и Генерален Директор на АД „Електрани на Македонија“. Како директор забележува успех во рабтоењето, што се огледа преку зголемување на финансиската добивка на претпријатието, намалување на цената на електричната енергија, како и започнување проекти за отворање нови рудници за јаглен и реконструкција на енергетските блокови на РЕК „Битола“. Во јуни 2017 година, веднаш по изборот на новата влада на СДСМ, Мицкоски се повлекол од позицијата „надворешен соработник за енергетика“ на која е назначен од претходната влада. Во истиот период, тој се повлекол и од други комисии во кои функциите ги извршувал бесплатно. Како причина за оставките Мицкоски ги навел различните економски и енергетски концепти што ги имала тогаш новата влада.
Политичка кариера Мицкоски е член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година. Во првите неколку години бил дел од младинската структура. Во периодот од 2010 до 2012 година бил сопретседател на комисијата за енергетика, каде што започнал да ја гради партиската политика во енергетиката. На изборите во 2008, 2011, 2014 и 2016 година бил дел од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2016 година го предводел и Регионалниот штаб на изборна единица 4. Од април 2017 година, тој станал претседател на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а од август до декември истата година ја извршувал функцијата Генерален секретар на партијата. Непосредно по локалните избори се повлекол од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ како советник во Советот на Град Скопје за да се посвети на функцијата Генерален секретар на партијата.„Мицкоски се повлече од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје“. Слободна Европа. 31 октомври 2017.
Од јуни 2017 до декември истата година, тој ја извршувал функцијата генерален секретар на партијата.
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ На шеснаесеттиот вонреден конфрес на партијата, кој бил одржан на 23 ноември 2017 година во Валандово, Мицкоски бил избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ откако за него гласале 376 од вкупно 438 делегати. По изборот, тој ја дал следната изјава:
„Македонија мора да оди напред, да стане земја членка на ЕУ и НАТО, но потребна е реална волја, структурни и реални реформи, преку професионални кадри кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда…мора да стане минато. Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Мора да растат платите на граѓаните, клучот е во развојот на економијата.“
Како претседател на партијата, тој се залага за евроатлантска политика, но со достоинствен третман на државата и македонскиот народ. Во јуни 2018 година, во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор, тој изјавил дека е против уставните измени за промена на името.„Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел промена на името“. Фактор. 14 јуни 2018.
На Локалните избори во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ под водство на Мицкоски остварила победа со освојување градоначалнички места во 42 општини, што било повеќе од двојно од второпласираната партија на СДСМ со освоени 16 градоначалнички места, по што изјавил:
„Не треба тактизирање, треба да се донесат државнички одлуки и да се послуша волјата на народот. Ова е убедлива победа на опозицијата. Сакам да го замолам да размисли добро што ќе бидат следните чекори, да се надмине себеси и да ја разбере конечно пораката дека е доста и мора да замине. Нема веќе место за криминал. Не треба само Заев да си оди, туку и заевизмот и сето она што тој го претставува.“„Мицкоски прогласи победа и му порача на Заев да замине“. Дојче Веле. 31 октомври 2021.
Исходот од изборите го принудил тогашниот премиер Зоран Заев да поднесе оставка.„Заев се повлекува од владата и партијата“. Дојче Веле. 31 октомври 2021.
На двојните избори (претседателски и парламентарни) ВМРО-ДПМНЕ под водството на Христијан Мицкоски однесе убедлива победа по која Мицкоски беше назначен за мандатар за составот на новата влада на Република Македонија.
Личен живот Оженет е со Роза Мицкоска, која работи како професор по македонски јазик во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје. Од бракот со неа има два сина: Јован и Антониј.„Христијан Мицкоски со синовите Јован и Антониј подготвени да навиваат за Македонија: „Тројцата мускетари“ го комплетираа албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021 “. Вистина. 12 мај 2021. Освен македонски како мајчин, говори англиски, италијански, српски и бугарски јазик.
Публикации Мицкоски, Х. и Мицкоски, И. (2011). „Статика“. Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД. Скопје. Мицкоски, Х. и Мицкоски, И. (2011). „Кинематика“. Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД. Скопје. Мицкоски, Х. и Мицкоски, И. (2011). „Динамика, осцилации и механизми“. Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД. Скопје. Мицкоски, Х. и Мицкоски, И. (2011). „Проектирање на мехатронички системи“. Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД - Скопје. Мицкоски, Х. и Мицкоски, И. (2011). „Мехатронички системи со повеќечлена структра“. Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД. Скопје. Анализа и проценка на повеќе влијателни фактори при процесот на кочење во железничкиот сообраќај. „Личен труд објавен 2021 година Дизајн за апликација на сила врз кочница. „12 медитеранска конференција за вградено софтверско маневрирање (MECO) објавено Јуни 2023 година во Будва, Црна Гора.
Наводи
Надворешни врски
Христијан Мицкоски — службено мрежно место на ВМРО-ДПМНЕ
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Претседатели на ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Премиери на Република Македонија Категорија:Луѓе со потекло од Кичево Категорија:Луѓе со потекло од Ново Село (Струмичко) Категорија:Апсолвенти на Машинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Машинскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Машинскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Машинскиот факултет - Скопје