Стрезимир — историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Бродец, Општина Гостивар. Денес, во месноста се наоѓа караулата на граничната полиција и е почетна точка за планарските друштва за искачување на Кораб.
Жителите биле Македонци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Атар на Бродец со историските села Стрезимир, Штировица, Реч и Баратица
Остатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по горното речение на Радика.
Денес, селото влегува во атарот на Бродец, поради што припаѓа на Општина Гостивар, иако единствениот пат до него е преку Трница или Маврови Анови.
Во близина на селото постои времен граничен премин Стрезимир-Рестелица.
Историја
На почетокот на XIX век Стрезимир, како и останатите горнорекански села, бил во фаза на активна албанизација. Во 1844 година, Атанасиј Ивановски од Стрезимир дал средства кон издавањето на книгата „Првоначална наука за должностите на човекот“ од швајцарскиот деец Франческо Соаве.Селищев А.М. „Славянское население в Албании“, София, 1931, стр. 13. Симон и Стефан Трифуновски од Стрезимир во 1879 гдина учествувале во Македонското востание во четата на Ѓорѓија Пулевски.Кирил, патриарх Български. Съпротивата срещу Берлинския договор. Кресненското въстание, БАН, София, 1955, стр. 293.
На крајот од XIX век Стрезимир било мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската Каза.
Селото било уништено за време на војните 1912-1918 година.
Население
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Strézorive) имало 40 домаќинства со 136 православни „Албанци“.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стрезимир имал 180 жители „Арнаути“ христијани и 56 „Арнаути“ муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.
Според цариградскот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Стрезимир имало 14 „српски“ куќиЗаписник на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г., иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Стрезимир (Strezimir) се состои од 84 „Албанци“.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 184-185.
Во следниот период врз христијанското население на селото успешно дејствувала српската пропаганда, и според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Стрезимир има 26 „Албанци“, припадници на српската црква (Пеќската патријаршија).Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
Во Стрезимир живеело мешано население, сите со потекло од истоимено село во Албанија.
Личности
Родени во селото Атанасиј Ивановски Стефан Трифуновски Исмаил Стразимири (1868-1943) — албански револуционер, воен и просветен деец.
Галерија
Поврзано Штировица Стрезимирска Планина Баратица Горна Река
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Бродец (Гостиварско)