Чука — историско село во Повардарието, денес во Општина Велес.

Географија Чука се наоѓала 2 км јужно од с. Лугунци, на атарската граница со с. Сојаклари.

Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Чинка, Tchinka) се води како село со 6 домаќинства, со 23 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чука имала 21 жител, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Чука (Čuka) како турско село во рушевини.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Поврзано Повардарие

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † †