Патека Силверстоун – мото-спорт тркалиште во Англија во близина нортхемптонширските села Силверстоун и Витлбари. Тркалиштето се простира на подрачјата на Нортхемптоншир и Бакингемшир, со главен влез од бакингемширската страна. Најблиски градови се нортхемптонширските Тоустер (8 километри) и Брекли (11 километри) и бакингемширскиот Бакингем (10 километри), а поголеми градови во близина се Нортхемптон и Милтон Кејнс.
Силверстоун е тековен домаќин на Големата награда на Британија, која првпат била одржана на ова тркалиште во 1948 година. Големата награда на Британија 1950 во Силверстоун била првата тркаMike Lang, Grand Prix! Volume 1, 1950 to 1965, page 14 во новоформираниот Светско првенство на возачи.World Championship of Drivers, 1974 FIA Yearbook, Grey section, page 118–119 Трката ротирала меѓу Силверстоун, Ејнтри и Брендс Хеч од 1955 до 1986 година, и од 1987 година постојано се одржува во Силверстоун.
Наводи
Надворешни врски
Silverstone Circuit
Silverstone Circuit on Google Maps (Current Formula 1 Tracks)
Категорија:Формула 1 Категорија:Патеки на Формула 1 Категорија:Голема награда на Британија