Михајло Миноски (роден на година во , Прилепско) — македонски универзитетски професор, уредник на тематската област „Античка и средновековна историја, историја на турскиот период (посебно XIX и XX век); религии (ереси и секти), историја на црквите во Македонија“ на Македонската енциклопедија, заедно со проф. д-р Шукри Рахими.

Животопис Се школувал во Прилеп и Скопје, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата Историја. Работел како професор по историја, а извесен период работел и во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на истиот факултет во 1975 година, а докторирал во Белград во 1981 година. За наставник на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје бил избран во 1986 година каде што останал до пензионирањето како редовен професор.

Главен интерес на неговите научни истражувања е политиката на големите сили и соседните балкански држави спрема Македонија во текот на XIX и XX век и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и независна држава. Автор е на повеќе од 200 научни трудови: книги, статии и прилози.

Позначајни дела САД и Македонија, Скопје, 1994 Авнојска Југославија и македонското национално прашање 1943-1946 година, Скопје, 2000 Македонија во меѓународните договори 1913-1940 година, Скопје, 2006

Награди Награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието за 2008 година.Познати добитниците на наградата „11 Октомври“ за 2008 година на Идивиди

Наводи

Надворешни врски Михајло Миноски на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет