Дуинген (; Даујен на месниот остфалски дијалект) — слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 25 километри југозападно од Хилдесхајм и 40 километри јужно од Хановер.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба од месно значење.

Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Копенграфе, Хојерсхаузен, Мариенхаген и Венцен се дел од општината Дуинген. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.

Географија Местоположба

мини|лево|Поглед на Дуинген

Дуинген се наоѓа источно од Природниот парк Ридски крај Везер Шаумбург-Хамелн во рамките на Лајнското Средногорје помеѓу ридовите Ит, Тистер Берг и Дуингер Берг. Во близина се наоѓа изворот на притоката на Лајне, Зале. Низ Дуиншката Шума водат повеќе пешачки и велосипедски патеки.

Општински единици

Општината Дуинген е составена од следниве единици:

Капеленхаген (жители: 141) Копенграфе (жители: 624) Дуинген (жители: 2.706) Фелцихаузен (жители: 84) Хојерсхаузен со Либрехтсен и Рот (жители: 439) Мариенхаген (жители: 750) Венцен (жители: 362) (состојба 30 ноември 2016)Einwohnerzahlen der Samtgemeinde Leinebergland. .

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдесхајм (округ)