мини|Извештај на Јован Јовановиќ Пижон во врска со неприменувањето на латинската азбука во арнаутските училишта. (Скопје, 3 февруари 1910) Јован Јовановиќ – Пижон (Белград, 3 септември 1869 — Охрид, 20 јуни 1939) бил српски дипломат, политичар, министер и писател.
Животопис мини|лево|Јован Јовановиќ Пижон и претседателот на владата Никола Пашиќ, за време на Првата светска војна Се родил во Белград во 1869 година, каде завршил основно училиште и гимназија, како и право во 1891 година. Меѓу 1899 и 1903 година бил писар во српскиот конзулат во Цариград, писар во Министерството на финансии и секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Србија. Во 1907 година работел во Атина и ја вршел должноста конзул во Цетиње. Заедно со Светислав Симиќ бил еден од најзаслужните државни службеници за помагање на организацијата на српското четничко движење во Македонија.Биљана Вучетић, Историјски часопис LVII(2008)413-426 Од 1909 до 1911 година раководел со српскиот конзулат во Скопје, а во 1911 година станал началник на одделение на Миситерството за надворешни работи и во 1912 година, министер на тоа министерство. Од 1912 до 1914 година бил претставник во Виена, во 1915-1916 година во Лондон и во 1929 година во Вашингтон. Се пензионирал во 1920 година, кога ја основал Земјоделската партија. Починал во Охрид, во 1939 година.
Цел живот бил активен дописник за српските списанија и писател. Во „Српскиот книжевен гласник“ пишувал под псевдонимот Инострани. Автор е на делото „Јужна Србија од крајот на 18 век до ослободувањето“.М. Станић, Успомене на митрополите са којима сам радио Михаила Г. Ристића, 123.
Неговиот „Дневник (1896-1920)“ бил објавен во 2015 година.„Дневник (1896-1920)“ Кралството Србија во дневникот на Пижон
Наводи
Надворешни врски
Јован М. Јовановиќ Пижон „Вечерни новости“, 24 февруари 2016)
Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски дипломати Категорија:Српски политичари Категорија:Српска пропаганда во Македонија Категорија:Починати во Охрид Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Српски мемоаристи Категорија:Родени во 1869 година