мини|десно|250п|Поглед на Неврокопската Котлина од Делчево. мини|десно|250п|Поглед на Неврокопската Котлина од Хаџидимово. мини|десно|250п|Поглед на Неврокопската Котлина од Лештен. Неврокопска Котлина, служб. Гоцеделчевска Котлина (; до 1950 г. Неврокопска котловина) — котлина во Пиринска Македонија, денес во Благоевградската област западна Бугарија. Се наоѓа во Неврокопско, во поречието на реката Места.

Географски особености Котлината е сместена од обете страни на средниот тек на река Места, како на запад досега до стрмните падини на Пирин, а на исток до падините на ридот Дабраш, дел од Западните Родопи. На југ котлината се простира до северните падини на планината Стргач, на границата со Егејска Македонија На север преку Момината Клисура на Места се поврзува со Разлошката Котлина. Има издолжен облик, во правец од север-северозапад кон југ-југоисток во должина од 21 км, а средната ширина изнесува 6 км. Зафаќа вкупна од . Средната надморска височина на котлинското дно е 530 м.

Потонувањето на котлината се случило во текот на плиоценот, кога раседите станале поизразени, а потоа исполнети наслаги, кои во квартарот биле припокриени со нанос. За разлика од источните падини, кои се поблаги, западните, насочени кон Пирин се многу стрмни. Раседите денес имаат мноштво минерални извори, и тоа во подрачјата на селата Грмен, Фотовишта и Мусомишта. Има мали наоѓалишта на железна руда и лигнитни јаглени.

Климата е изменетосредоземноморска. Средната годишна температура (станица Неврокоп) изнесува , средната јануарска е , а средната јулска — . Средните годишни врнежи изнесуваат 646 мм. Се одводнува од реката Места и нејзините притоки (Канина, Матница и др.). Почвите и се наносни, водотечни и исцедни циметници, кои заедно со поволните климатски услови овозможуваат одгледување на интензивни култури, средоземни видови, овошје, зеленчук и тутун. Развиено е и сточарството.

Растителноста е претставена од македонско-тракиски балкански ендемити како благун, чинар, други дабови, црвена и обична смрека. Од животинскиот свет преовладуваат средоземни видови и ендемити.„Голяма енциклопедия България“, БАН, том 4 (БЪЛ-ГЪР), ИК "Труд", София 2011, ISBN 978-954-8104-26-5, стр. 1602.

Населени места Најзначајно населено место во котлината е градот Неврокоп (Гоце Делчев), сместен во западниот дел.Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 230. Покрај него има уште еден град — Хаџидимово (во јужниот дел) и 16 села: Балдево, Баничан, Блатска, Нов Чифлик (Борово), Цирополе (Господинци), Грмен, Дебрен, Дабница, Копривлен, Марчево, Мусомишта (Мосомиште), Лески (Ново Лески), Фотовишта (Огњаново), Петралик (Петрелик), Садово и Фустане (Хвостјане).

Сообраќај Надолжно и напречно низ котлината поминуваат делници на два пата од Државната патна мрежа:

Од север кон југ, меѓу селата Цирополе (Господинци) и Садово, во должина од 20,4 км — делница од второкласниот пат бр. 19 Симитли — Банско — Неврокоп — ГП „Илинден“. Од запад кон исток, од Неврокоп до с. Дабница, во должина од 7 км — потег од третокласниот пат бр. 197 Неврокоп — Доспат — Девин.

Литература Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 152.

Поврзано Горноџумајска Котлина Светиврачко-петричка Котлина

Наводи

Надворешни врски

Лист од карта K-34-96. Размер: 1 : 100 000

Категорија:Неврокоп Категорија:Котлини во Бугарија Категорија:Географија на Пиринска Македонија