Бик — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на втората седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 26 февруари 2015 година. Цената на апоенот во изнесува 2.700 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Хороскопски знаци“.

Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.

Опачина На опачината од парата е прикажана слика на глава на бик со три ѕвезди на челото. Левиот рог на бикот е поставен под вметнатото кружно кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Бик. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Бик“ отпечатен на цвет и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.

Поврзано Бик (соѕвездие) Бик (хороскопски знак)

Наводи

Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели: „БИК“ — НБРМ

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ