Петел со ангел — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.
Опис Лице На лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Опачина На опачината, во средината на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над средината на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Поврзано Петел Ангел
Наводи
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ