Риби — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.

Опачина На опачината се прикажани две риби коишто пливаат во спротивна насока и украс составен од водни лилјани коишто го опкружуваат вметнатото кобалтно стакленце на коешто е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Риби. На долниот дел е прикажан симболот на хороскопскиот знак „Риби“ отпечатен на лист од воден лилјан и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.

Поврзано Риби (хороскопски знак) Риби (соѕвездие)

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ