Година на кучето - богата година на кучето — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис Лице На лицето, во средината на монетата се претставени Грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Опачина На опачината, во средината на монетата е претставена слика на куче во боја што влече запрежна кола на две тркала исполнета со златни монети. Во заднината се прикажани листови од детелини. Над средишната слика на монетата се наоѓа натписот: „БОГАТА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.

Поврзано Куче

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ