Старогрчката религија вклучува религиозни верувања и практики на Старите Грци. Старогрчката религија не е иста како старогрчката митологија, која се занимава со традиционалните приказни, иако двете се тесно поврзани. Интересно е дека во Стара Грција немало збор кој означува религија, односно вера. Најблиски поими кои се однесувале на верувањето биле "побожност", односно еусебеја (старогрчки: εὐ̓σέϐεια) и "култ", трескеја (старогрчки: θρησκεία).

Старогрчката религија се однесува на збир од обреди и верски практики. Доминантните одлики на религијата се појавиле уште во архаjскиот период: политеизмот, боговите, антропоморфните форми надарени со атрибути и митологијата со нејзините јунаци. мини|270x270px|Статуа на Зевс, пронајдена во Камир, доцен хеленистички период. 222x222px|thumb|Посејдон, бог на морето, статуа во Копенхаген, Данска. Иако потеклото на верувањето може да се проследи до најоддалечените епохи, старогрчката религија во својата развиена форма траела повеќе од илјада години, од времето на Хомер (најверојатно во 9-ти или 8-от век п.н.е.) до времето на царот Јулијан (4 век од н.е.). Во текот на овој период нејзиното влијание се проширило на далечниот запад како Шпанија и низ целиот средоземен свет. Ефектот бил најзабележан кај Римјаните, кои ги идентификувале своите божества со оние на Грците. Во христијанството, грчките јунаци, па дури и божества, преживеале како светци. Повторното откривање на старогрчката литература за време на ренесансата и, пред сѐ, класичната скулптура имале далекусежни ефекти врз христијанската верска уметност. Највпечатлива одлика на старогрчката религија било верувањето во мноштво антропоморфни божества под еден врховен бог. Сите божества тука постојат поврзани со другите во глобалниот систем на мноштвото други. Свештениците едноставно се грижеле за култовите. Тие не претставуваат свештенство и немало свети книги.

Секое божество може да се потпира на различни аспекти во зависност од местото, од култот и од функцијата што тоа ја исполнува. Овие моќни битија надарени со натприродни сили, можат да претставуваат мноштво аспекти. Епитетите што им биле давани укажуваат на нивната природа и нивното поле на делување. Постои, на пример, Зевс Уранос (односно, небесен, татко на сите богови), Зевс Полиеус (чувар на поредокот, на градот и на градските ѕидини), Зевс Хоркиос (гарант на спогодбите и пактите), Зевс Ктесиос (заштитник на куќата и на имот), Зевс Херкеиос (чувар на трлото), Зевс Ксениос (заштитник на гостите и странците), Зевс Катаибатес"Zeus Kataibates," Rheinisches Museum, XLIII (1908), 315 ff. For the various aspects of Zeus mentioned here see also the great work by A. B. Cook, Zeus. (оној кој ги фрла молњите). Другите личности од грчкиот пантеон, исто така, го следат овој модел.

Религијата не била субјективно и лично верување на поединецот туку таа се однесува на заедницата па оттука и нејзините значајни влијанија во политичкиот живот. Впрочем, таа не се ограничувала на одредени сфери на секојдневниот живот туку ги засега сите аспекти на живот. Старите Грци воопшто не правеле разлика помеѓу светото и световното : секој момент од животот бил обележан со некаков помалку или повеќе формален обред или ритуал, молитва, верска практика. Главните ритуали на старогрчката религија се состоеле од молитви, принесување дарови, жртвување, јавни празнувања и игри. Овие ритуали не се исклучени едни со други, па така, дарувањето е придружено со молитва а жртвувањето може да биде главниот исход на јавната прослава.

Верувањата и обредите се структурирале во архајскиот период, во времето кога се родил обликот на политичко општествената организација, особено : градот (полисот), преку ширењето на пишаниот збор. Бидејќи терминот "религија" како таков, воопшто и не постои на старогрчки јазик, концептите кои ние ги користиме за да се опишат современите религиски феномени не одговараат на сфаќањата кои Старите Грци ги имале за божественотоD’après l’Encyclopédie des Religions de Gerhard J. Bellinger.. Во старогрчкото општество, религијата била целосно вградена во сите сегменти на постоењето (семејниот живот, јавниот и општествениот). Разликата меѓу световното и светото, границите помеѓу секуларното и верското, се толку неизвесни, што не се релевантни. Дејствувањата, однесувањата, церемониите, семејниот и општествениот живот како и политиката речиси секогаш содржат верски аспект.

Историја Старогрчката религија, како што денес се разбра, веројатно е резултат на мешањето на верските верувања и практики меѓу Грците кои дошле од север во текот на 2 милениум п.н.е. и другото староседелско население кои се нарекувале Пелазги. Доселениците дошле со своите верувања во нивниот врховен индоевропски бог на небото, познат како Зевс (на грчки), Ѓаус (индиски) и Јупитер (римски). Но воедно имало и критски бог на небесата, чие раѓање и смрт се празнувале во обредите и митовите сосема поинакви од оние на дојденците. Овој критски бог од миноанската религија дојденците кои зборувале на грчки дијалекти го преименувале во Зевс. Подоцна, верувањата во двете култури се помешале а воедно и божествата преземајќи взаемни атрибути. мини|260x260пкс|Нумизматиката како извор на студија за старогрчката религија

Извори мини|452x452пкс|Вазното сликарство како извор за разбирање на старогрчката религија За да се запознае старогрчката религија која како таква повеќе не постои, потребно е да се црпи од мноштво значајни извори, кои се главно книжевни, епиграфски и археолошки. Богати и интересни, овие извори се всушност релевантни само ако се земаат во обзир сите заедно.

Археолошки извори Археолошките ископувања спроведени во Делфи и Елефсина, заедно со вазното сликарство и нумизматиката донеле посебни и специфични знаења за историјата на верски центри, проучувањето на типовите божества и даровите.

Епиграфски извори Епиграфиката, изобилна особено во 5 век п.н.е, обезбедува документација за верските закони, декретите на градовите, како и за верските календари. Атичките натписи од Елефсина и натписот пронајден во Месена помогнале повеќе да се разберат Елефсинските мистерии и оние на Анданија. Плочките од Додона, списокот на чудесни лекови на Епидаур и орфичките таблички обезбедиле живописна слика за религијата.

Книжевни извори Книжевноста ги носи најбогатите извори. Онаа на историчарот Филохор, митографите како како Хеланик, Херодор и Псевдо-Аполодор понекогаш наречен и Аполодор Митографот, автор на Расправата за боговите и книгата на Стесимброт Тасоски за мистериите зачувале големо количество на традиции. Во текстовите на Хомер и Хесиод, местото и функцијата на големите божества на Грција веќе делумно биле фиксирани. Грчкиот пантеон се чини дека бил утврден уште од 8 век п.н.е. На крајот на тој век, Хесиод, поет од Беотија, во неговата Теогонија, претставува низа од правила и митови кои се однесуваат на раѓањето на божествата. Тој истакнува историја на генерации богови, која по повеќе конфликти за превласт, довела до формирање на боговите на Олимп, околу фигурата на врховниот бог, Зевс. Митските приказни, како што се оние на Хесиод ги објаснуваат верските практики (жртвувањата, празнувањата и натпреварите) и обредите кои го придружуваат целиот општествен и политички живот во Стара Грција. Тие ги оправдуваат основните правила кои владеат во заедницата, истите ги прават неразбирливи за луѓето и обезбедуваат опстојување.

Архајски период мини|259x259пкс|Саркофагот од Агија Тријада мини|256x256px|Менади додека танцуваат (Лувр) Крито-микенската археологија овозможила да се добие некоја идеја за претхеленската религија која се развивала во рамки на некоја цивилизација која започнала на островот Крит околу 3000 година п.н.е за да заврши на копното околу 1200 п.н.е. Оваа религија имала повеќе божества, особено женски антропоморфни форми, и им давала свет карактер на дрвото, столбот, двојната секира и некои животни како змија, птица и бик. Се спроведувале чинови на прочистување, особено, жртвувањето како што е прикажано и на саркофагот од Агија Тријада,Robert Laffineur, « À propos du sarcophage d'Aghia Triada : un rituel de nécromancie à l'époque protohistorique ? », Kernos, 4 | 1991, 277-285. од 1400 п.н.е. Оваа религија била поврзан со светилишта и палата (Кносос и Фестос), каде лицето на кралот има религиозен карактер. Во праисториски времиња, низ басенот на Егејското Море, поминувало население од Мала Азија со што се олеснувале ориенталните влијанија : со симболот на двојна секира која е многу честа појава во поранешна Азија, се одразувала верска заедницаR. Dussaud, Les Civilisations préhelléniques dans le bassin de la mer Égée, 338 sq.. Името Дионис се појавува во линеарните Б таблички, па се чини многу веројатно дека неговото обожавање било дел од микенската религија. Неговите приврзанички, познати како менади (буквално "луди жени"), прикажани како носат „тирзос“, долг стап, обвиткан со винова лоза, накитени со бршлен и облечени во јагнешки кожи. Тие во делириум талкале по шумите и изведувале чудни ритуали за кои зборувал и Хомер. Во нивната екстаза, тие ги раскинувале живите жртви на парчиња, односно практикувале спарагмос (старогрчки: σπαραγμός) и се гоштевале со нивното сурово месо (омофагија). Имено, омофагијата е многу присутна во митовите за Дионис и таа е еден од неговите епитети.Henrichs, Albert. "Greek Maenadism from Lympias to Messalina." Harvard Studes in Classical Philology, Vol. 82 (1978): 144.

Во 7-от и 6 век п.н.е. "тираните" (монарси чија позиција не била изведена од наследство), ја презеле власта во многу полиси. Некои тирани, како што е Писистрат во Атина, изградил храмови и ги основал или оживувал фестивалите. Во тоа време се појавувиле и првите Елефсински мистерии.

Класичен период мини|315x315px|Атена Варвакион, мала римска реплика на Атена Партенос од Фидиj. Наjдена во Атина во првата половина на 3 в. Периодот помеѓу паѓањето на микенската цивилизација и оној во кој Грција ја утврдила својата религија е многу нејасен. Проучувањето на речникот на верските поими и на имињата на божествата обезбедува малку информации. Поимите главно се индоевропски, но има задржување на предхеленистички термини и некои други влијанија : терминот ἱερός, со кој се изразува светото, има средоземно потекло, но се меша со индоевропски збор со световно значење

Хомеровите поеми претпоставуваат дека грчката религија не е многу постара од онаа на класична Грција. Тие не носат никакво сведоштво за религија од феудален тип, туку во суштина претпоставуваат цивилизација во континуитет со микенската цивилизација, и укажува на тоа дека аристократијата тогаш била слободоумна во однос на верските прашања. Благодарение на изучувањето на локалните култови и местата за богослужба, се наѕира значајното место на микенското наследство во грчката религија, но не може да се реконстрира каков било религиозен систем пред оној на класичниот период. Примитивен фонд може да се препознае во култовите посветени на земјата : Колективната гозба на лакедемонските Хијакинти, Талисиите и светите гозби на Магнезијците, IV, 173 E. се доказ за многу стари традиции. Селските фестивали со дарови на земјата биле верски облик на живеење мини|163x163px|„Нејади“ (нимфи на реките и на изворите), слика од Џоакино Паљеи (1881) мини|158x158пкс|Цртеж на Тезеј и кентаурите