Трн — водовод од римско време. На 150 метри јужно од селото Долно Црнилиште, при изградбата на системот за наводнување бил откриен дел од водовод насочен во правецот на селото Амзабегово. Најверојатно, водоводот стои во тесна врска со римскиот објект (вила рустика) на наоѓалиштето Барутница.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ѓеренџе — населба од доцноантичко време; и Кади Аргач — населба и некропола од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Долно Црнилиште